Сè што треба да знаете за куркумата: Златен зачин кој заменува 14 лекови
Куркумата е билка која потекнува од семејството на ѓумбирот. Но, нејзините бројни лековити својства сè уште не се целосно откриени.
Куркумата се користела уште пред 2.000 години во ајурведската медицина. Тогаш било откриено нејзиното тераписко дејство врз низа патолошки состојби како што се заболувањето на кожата, белите дробови и органите за варење.
Интензивните научни проучувања се спроведени во последните 50 години, од кога е дојдено до заклучок дека оваа билка може да замени точно 14 апчиња за лечење различни болки.
Лековитоста на куркумата
Богата е со витамини B6, B3, фолна киселина, калиум, железо, манган, а се смета и за добар извор на влакна.
Докажано е дека билката куркума има благотворно дејство во случај на рак, затоа што го спречува растот и формирањето на туморот. Потврдено е дека е одличен природен чистач на белите дробови и го спречува настанувањето на меланом.
Поволно и благотворно делува кај Алцхајмеровата болест, а најдобри резултати постигнува кај ревматските заболувања.
Ова се главните 15 причини заради кои вреди да ја користите куркумата:
- Ја подобрува работата на срцето
- Ги чисти крвните садови
- Ги зајакнува коските и е одлична превенција за остеопороза
- Ги регенерира зглобовите и ги намалува воспаленијата кај артритисот
- Го намалува чувството на подуеност во стомакот
- Одлично се бори против бактериите и габичните инфекции
- Сојузник е во борбата со ракот
- Ја подобрува работата на тироидната жлезда
- Го нормализира менструалниот циклус
- Нуди одлична детоксикација на белите дробови
- Позитивно влијае на кожата и сите кожни заболувања
- Ги елиминира цревните паразити и ја обновува цревната флора
- Ја намалува кашлицата и помага кај бронхитисот
- Помага во намалувањето на килограмите
- Го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето
Лековити рецепти од куркума:
Чај од куркума - Идеален во случај на настинка и главоболка
1 лажичка рендана куркума прелијте со ½ литар зовриена вода и оставете ја на кратко да врие.
Додајте малку изрендан ѓумбир. Засладете по желба и пијте додека е топло.
Златно млеко со куркума
Во 2-3dl млеко ставете ½ лажичка куркума, малку ким, сол и ½ лажица путер. Ставете ја течноста на оган додека не проврие.
Пијалакот се пие топол, а познат е по тоа што ја смирува кашлицата.
Куркума и мед
Комбинацијата од куркума и мед ќе го намали црвенилото на кожата, а воедно и ќе ја направи помека и почиста.
Промешајте 1 лажица мед со 1 лажичка куркума. Смесата нанесете ја на лицето, а по 20 минути измијте со млака вода.
Исто така, оваа комбинација се консумира ако имате недостаток на железо во организмот.
Куркума и алое вера
Оваа мешавина е одлична за лечење на сите изгореници на кожата или алергиски реакции.
Потребно е да измешате малку куркума со гел од алое вера. Количината приспособете ја според површината.
Каде да купите куркума?
Зачинот куркума денес е достапен во речиси секоја билна аптека или продавница за здрава храна. Неретко и во самите продавници можете да побарате бројни лековити рецепти.