Дали премногу порнографија предизвикува еректилна дисфункција кај мажите?
Врежано е мислењето дека прекумерното гледање порно филмови доведува до неможност за постигнување ерекција при сексуалните активности во реалниот живот. Но, дали навистина е така?
Американските истражувачи од „Здружението на уролозите“ имаат сосема поинаква гледна точка. Бидејќи нема научни докази дека порно филмовите предизвикуваат еректилна дисфункција кај припадниците на посилниот пол, тие ја побараа причината на друго место:
„Направени се три лабораториски истражувања, кои покажуваат дека гледањето порнографија нема врска со еректилната дисфункција.“, вели д-р Никол Праус.
Всушност, лекарите тврдат дека проблемот лежи во стилот на мастурбација, а не во гледањето еротски содржини.
Големиот притисок и триењето при мастурбацијата, не се нешта кои лесно може да се изимитираат во текот на сексуалниот однос, поради што мноштво мажи подоцна може да имаат проблем со ерекцијата или постигнувањето оргазам.
Значи, начинот на кој се доживува оргазмот е сосема поинаков и можеби погруб, кога ќе се споредат мастурбирањето и чинот на водење љубов со партнерката.
Меѓутоа, ниту порно филмовите не 100% безопасни. Тие се потенцијална опасност за психата, бидејќи пружаат нереални очекувања за сексот, а коишто подоцна доведуваат до појава на анксиозност.
М. А. | Црнобело