12 сигнали кои ни ги испраќа телото, а укажуваат на емоционални проблеми
Човечкото тело е комплициран механизам кој е под влијание и на надворешни, и на внатрешни фактори.
Многу психолози се согласни дека телото праќа сигнали кои укажуваат на емоционални проблеми и не смееме да ги игнорираме. Болката во одреден дел од телото не мора да значи дека нешто не е во ред само физички и надворешно.
Прочитајте на какви емоционални проблеми укажува болката што ја чувствувате:
Глава
Сите главоболки настануваат поради некоја напнатост, грижа или стрес.
Решение: Секој ден одвојте кратко време за себе, кога ќе седите во тишина и нема да размислувате за грижите и проблемите. Одморете се и опуштете се.
Рамена
Болката во рамената укажува на тоа дека носиме некој емоционален товар. Некој врши притисок над нас или не можеме да решиме некој проблем.
Решение: Споделете ги проблемите со најблиските и побарајте совет. Така ќе ви биде полесно и нема да се чувствувате како да носите голем товар на себе.
Врат
Болката во вратот може да значи дека носите лутина кон опкружувањето или сте незадоволни од самите себе.
Решение: Преиспитајте си го односот кон другите, но и кон себе. Не смеете да имате превисоки очекување од животот. Научете да простувате и да ги пуштате работите да течат спонтано.
Раце
Болката во рацете се јавува кај луѓе кои се осамени и имаат потреба од дружење. Време е да излезете од вашиот мал свет.
Решение: Обидете се да стекнете нови пријатели. Излегувајте, одете на концерти, на театар и секаде каде може да запознаете некој. Потребно ви е дружење со луѓе за да се опуштите и да расположите.
Колена
Болката во колената се јавува поради преголемо его, односно кај луѓе кои мислат дека се подобри од другите и дека светот се врти околу нив.
Решение: Бидете повнимателни кон другите и помогнете кога е тоа потребно. Не сте сами на светот и не би било убаво да бидете себични.
Зглобови
Болката во зглобовите значи дека често забораваме на себеси и ги ставаме сите други потреби пред нашите.
Решение: Почнете повеќе да се сакате себеси со сите свои несовршености. Научете да кажете „не“ кога навистина не можете или не сакате да направите нешто. Купете си нешто за себе или испланирајте некое соло патување.
Стапала
Причината за болката во стапалата веројатно е апатија. Нашето тело одбива да оди понатаму, од преголем страв и грижа за иднината.
Решение: Научете да се радувате на мали работи. Уживајте во утринското кафе, во ручекот со пријателите, во убав филм или книга. Не се плашете од тоа што носи иднината и само препуштете се на моментот.
Колкови
Болките во колковите ги мачат луѓе кои се врзани за предвидливоста и удобноста на животот и се плашат од промени.
Решение: Не се спротивставувајте на природниот тек на работите. Промените ќе се случат, сакале или не. Нездраво е да останувате цел живот заглавени на едно место. Само со промени може да одите напред.
Горниот дел од грбот
Болката во овој дел укажува на отсуство на емоционална поддршка поради тоа што некои луѓе ви недостигаат во животот.
Решение: Бидете отворени и дружељубиви и не се фокусирајте само на себе. Излегувајте, запознавајте се со различни луѓе, слушнете различни мислења. Не се сожалувајте самите себе и храбро одете напред.
Долниот дел од грбот
Болките во овој дел може да значат дека имаме финансиски проблеми или постојано се грижиме за работи поврзани со парите.
Решение: Колку и да го мислите спротивното, среќата не е во парите. Правете го тоа во кое уживате, а не само она коа ви носи приходи.
Најубавите работи во животот се бесплатни, па фокусирајте се на нешто во кое ќе се вложите себеси, а не нешто поврзано со парите.
Лакти
Ако ве болат лактовите значи дека не сте доволно флексибилни и вашата тврдоглавост ви прави многу проблеми.
Решение: Животот понекогаш се чини како да е претежок. Но, не си ги комплицирајте работите сами. Обидете се да направите компромис за одредени нешта и не дозволувајте непријатните ситуации да ве влечат надолу.
Потколеници
Болките во овој дел може да укажуваат на љубовни проблеми – претерана опсесивност, љубомора или недоверба кон партнерот.
Решение: Обидете се да научите да му верувате на партнерот без да чувствувате потреба да го следите секој негов чекор или да проверувате каде е и со кого. А, можеби е и време да ја напуштите врската и да пробате нешто ново.
М. В. | Црнобело