Топ 10 намирници кои го забрзуваат согорувањето на калории
Мрсната и пржена храна, нездравите пијалаци, алкохолот и лековите се главни непријатели на црниот дроб, а сè што јадеме и пиеме во текот на животот поминува низ овој орган.
Црниот дроб има функција да ги „филтрира“ состојките кои се внесуваат во организмот. Затоа е важно да внесуваме храна и пијалаци кои го чистат црниот дроб, односно поттикнуваат побрзо согорување на калориите.
Ова се 10-те намирници кои имаат таква функција:
Лук
Лукот поттикнува создавање на ензими кои му помагаат на телото да ги исфрли токсините.
Цитрусни овошја
Портокал, грејпфрут, лимон, мандарина и сличните цитрусни овошја се полни со витамин Ц кој помага црниот дроб побрзо да ги апсорбира состојките внесени во организмот.
Морков
Морковот содржи флавоноиди, како и бета каротен задолжени за стимулирање на работата на црниот дроб.
Зелен чај
Зелениот чај има безброј придобивки за здравјето, а една од нив е тоа што содржи катехин- моќен антиоксиданс кој го чисти организмот.
Зелени зеленчуци
Листестиот, зелен зеленчук како на пример спанаќ, ќељ, блитва и слично е полн со хлорофил што ги неутрализира токсините од телото.
Ананас
Ананасот е полн со витамин Ц и делува како природен диуретик.
Нане
Ливчињата нане се богати со флавоноиди кои претставуваат моќни антиоксиданси.
Ѓумбир
Ѓумбирот го забрзува метаболизмот и помага во исфрлање на мастите од телото.
Ореви
Оревите содржат голем процент на омега 3 масни киселини, како и амино киселини задолжени за процесот на детоксијација.
Зелка
Зелката делува полезно на ензимите во црниот дроб кои ја регулираат и ја забрзуваат неговата функција.
М. В. | Црнобело