Зошто се чувствувате тажно на крајот од август?

Постои научно образложена причина, поради која мал процент на луѓе се меланхолични во осмиот месец од годината. Дали сте и вие едни од нив?

zoshto-se-chuvstvuvate-tazhno-na-krajot-od-avgust-1.jpg

Летото полека одминува, се ближи почетокот на новата школска година, а ноќите стануваат постудени. Тоа значи само едно – дошол крајот на август.

А, која е причината за лошо расположение кај луѓето, во текот на последните денови од осмиот месец во годината?

Стивен Ферандо, директор на психијатриската болница при Westchester Medical Center, во разговорот за New York Magazine истакна:

„Августовската меланхолија е мошне слична на тажното чувство кое ги обзема луѓето во недела навечер.“, опишувајќи го феноменот на промена на расположението, што мал процент од популацијата го чувствуваат, а може да се дефинира како сезонско афективно растројство.

zoshto-se-chuvstvuvate-tazhno-na-krajot-od-avgust-2.jpg

Ферандо додава: „За да ви биде дијагностицирано нарушување на расположенито, мора најмалку две седмици да имате прилично постојани симптоми, кои не се подобруваат. Меѓутоа, доколку вистинското сезонско афективно пореметување не може да се утврди, постои можност од пократки верзии на истото.“

И, додека оние кои страдаат од сезонска депресија, вообичаено ги забележуваат симптомите во текот на зимските месеци, поради недостатокот од изложеност на дневна светлина, месец август носи некои свои единствени симптоми.

Според New York Magazine, тие вклучуваат и анксиозност поради претстојната школска година, крајот на годишниот одмор и стравот од сезоната на празници кои се наближуваат.

zoshto-se-chuvstvuvate-tazhno-na-krajot-od-avgust-3.jpg

Рејчел Анунциато, професорка по психологија на Универзитетот Фордхам, открива дека клучот за спречување на негативните емоциии, всушност, е во тоа да си дозволите на самите себе опуштање во последните неколку дена од летото.

Искористете ги последните денови од одморот, не жалејќи се дека се следува нивниот крај. Обидете се да ги избегнете разговорите кои вклучуваат жалби. Направете си список на сите активности кои сакате да ги извршите и уживајте со пријателите.

Според порталот Today, летна депресија има 1% од вкупната популација.

zoshto-se-chuvstvuvate-tazhno-na-krajot-od-avgust-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg