Секоја жена треба да знае да ги препознае знаците на суптилно насилство

Насилството има секакви деградирачки форми и е неверојатно тешко да избегате од него, посебно ако ви се наоѓа во домот или ако сте ги пропуштиле црвените знаменца кои ви кажувале да стоите подалеку од таа личност уште на почетокот. Овие црвени знаменца не ве предупредуваат само дека работите помеѓу вас и партнерот нема да успеат, туку се многу поопасни.

sekoja zena treba da gi znae ovie suptilni znaci na nasilstvo 1

Премногу тв серијали како „Westworld” и „Game of Thrones” создаваат фиктивни светови во кои секојдневно следиме битки, брутално насилство, семејни предавства и сите тие насилства се најчесто кон жените.

Овие работи се тешки за гледање дури и кога се работи за свет што не постои, но постојат жени кои секојдневно минуваат низ овој страв и живеат паралелно во средновековна дистописка фантазија на мажите од која никако неможат да побегнат.

Еве неколку суптилни знаци кои ви укажуваат дека е време да побегнете од вашата врска:

Имате чувство како цело време да газите по јајца

Ова е еден од најраните знаци на насилство. Вашата интуиција ја тргнувате на страна, чувството кое ви кажува дека нешто не е во ред го игнорирате. Се чувствувате ли како што и да направите да не е доволно добро? Се плашите ли дека расположението на вашиот партнер ќе се промени ако направите само еден поразличен чекор? Ако се најдете во ситуација во која цело време си ги преиспитувате одлуките, чувствата или пак правите изговори само за да не го налутите, време е да почнете да си верувате на вашата интуиција.

Константо ве обвинува за работи кои се надвор од ваша контрола

Дали често ве овинува дека вие сте виновни за неговото лошо однесување? Секогаш сте криви за нешто што тој го направил. Кога ќе се налутите за нешто што направил, тој станува агресивен и вас ве обвинува дека сте го испровоцирале. Насилниците се служат со вакви манипулативни однесувања за да ве натерат да живеете во страв, срам и анксиозност за никогаш да не се осмелите да ги преиспитувате нивните одлуки.

Често ве убедува да правите работи кои несакате да ги правите

Ја користи вашата ослабена природа за да се чувствувате виновни за што и да направите во врската, а подоцна ја користи таа вина за да ве натера на правите работи на кои обично не би се согласиле. Ако пак не се согласите тогаш станува агресивен или пак го снемува на неколку денови. Ако го користи чувството на вина против вас или ако се чувствувате искористено на било кој начин верувајте му на тоа чувство.

Не сака да се дружите со вашите пријатели

Во раните почетоци на врската, ако е здрава врска тој ќе сака да се запознае со вашите пријатели па можеби и со вашето семејство. Ако се оди добро ќе сака да поминува време со нив и ќе најде начин да ги вметне во вашата врска. Ако вашиот партнер прави се спротивно од ова, ако пробува да ве изолира од вашите блиски, ако е љубоморен на секого кој поминува време со вас, тоа е сериозен знак за опасност. За жал, ако ова е ситуацијата работите никогаш нема да се променат. Ќе направи да се чувствувате виновни што не ја цените доволно неговата љубов и што ви требаат други луѓе во животот освен него.

Цело време си игра игри со вашиот ум

Дали ви прави да се сомневате во вашите чувства, инстинкти и здрав разум? Насилникот добива моќ со тоа што успева да ја измени вашата перцепција за тоа што е реално а што не. Често ќе одрекува дека нешто кажал, намерно ќе заборава важни разговори, ќе се прави дека не ја разбира вашата реакција или ќе ви кажува дека сте премногу чувствителни или дека сте луди. Можеби ќе ви каже и дека ви треба психијатар.

Насилните врски не секогаш изгледаат толку страшно на почетокот, но додека да се свестите можете да се најдете во пекол. Постои круг на насилство кој почнува со медена фаза, фаза на тензија и експлозивнна фаза која потоа пак се враќа на медената фаза.

Многу жени денес се жртви на психичко и физичко насилство. Затоа ако овие знаци ви изгледаат познато, или ако се наоѓате во фазата на создавање тензија избегајте на време пред да дојде до големата експлозија.

Верувајте ѝ секогаш на вашата интуиција. Интуицијата е само збир на податоци кои се одвиваат пребрзо за свесниот ум да ги разбере. Ако нешто не е во ред вашето тело секогаш ќе ве предупреди, затоа верувајте му.

Насилството може да се случи секому.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg