Зошто не е паметно да спиете до пладне за време на викенд?
Поголемиот дел од нас едвај чекаат да дојде викендот за конечно да се наспијат како луѓе меѓутоа, тоа е голема грешка.
Нема подобро чувство од „легачењето“ и долгото спиење во сабота и недела, но со тоа не си правите услуга, барем така тврди професорот Бренди Роун од Универзитетот Браун.
Тој објаснува дека нашето тело има внатрешен часовник кој се води од дневната светлина, па ако секое утро стануваме во 7, телото ќе почне да се навикнува дури и секоја вечер да легнуваме во исто време. Но, ако за време на викендот спиете до попладне, часовникот си го померувате.
Пример, ако станете во два попладне, исто како да сте го помериле за 7 часа.
После петок навечер и сабота навечер комплетно си го ресетирате организмот и после уште 3 дена ви требаат за да се вратите во нормала.
Затоа, како што советува Роун, наместо подолго да спиете за време на викендите и последично на тоа да ви треба повеќе време да се навикнете на одреден период за станување во текот на работната недела, најдобро е да се држите до мали попладневни дреми преку текот на целата недела.
Н. Г. | Црнобело