Зошто утринското кафе не треба да го пиете пред 10 часот?
Скоро секој ден науката со своите истражувања ги побива нашите длабоко вкоренети навики. Па, така според голем дел од спроведените анализи утрото е всушност најлошиот период од денот за пиење кафе.
Причината поради која не е препорачливо да го пиете вашето утринско кафе се високите нивоа на кортизол во телото. Конзумирањето на кофеин во период кога е високо нивото на кортизол во нашиот организам може да предизвика два проблема.
Првиот проблем е тоа што кофеинот се меша во производството на кортизол, хормон кој се ослободува како последица на стрес и низок крвен притисок. На тој начин телото произведува помало количество на кортизол, а кортизолот го заменува со кофеин.
Вториот проблем е тоа што утринското кафе ја зголемува толеранцијата на кофеин, од причина што истиот го заменува поттикнувањето на природно индуцираниот кортизол.
Имајте на ум дека нивото на кортизол е високо трипати во текот на денот, а не само во утринските часови. Токму затоа потребно е да внимавате во кој дел од денот го пиете своето кафе.
Експертите советуваат дека најдоброто време за пиење кафе е помеѓу 10 и 12 часот, како и помеѓу 14 и 17 часот.
С. У. | Црнобело