Како да ги контролирате хормоните кои влијаат на зголемувањето на вашата тежина?

Телесната тежина не зависи само од бројот на калориите кои ги внесуваме, туку и од одредени хемиски процеси кои се случуваат во внатрешноста на нашите тела.

Kako-da-gi-kontrolirate-hormonite-koi-vlijaat-na-zgolemuvanjeto-na-vasata-telesna-tezina-01

Постојат бројни фактори кои можат да влијаат на зголемувањето или намалувањето на телесната тежина.

Меѓу нив се и физичката активност, генетиката, навиките за јадење, како и стресот.

Сепак, најважната улога при овој процес, им припаѓа на хормоните, кои се одговорни за регулирање на метаболизмот.

Инсулин

Гликозата претставува главен извор на енергија за клетките. По консумирањето на храна и зголемување на нивото на гликоза во крвта, панкреасот треба да ослободи повеќе инсулин, хормон кој помага гликозата да додје до клетките.

Освен што дава енергија, инсулинот исто така и ги складира мастите. Доколку нивото на инсулинот е високо, вашето тело ќе ги сочува мастите.

Кортизол

Кортизолот е хормон на стресот. Кортизолот е произведен од надбубрежните жлезди, со цел да се спречи паѓањето на нивото на шеќер во крвта под нормалата. Тоа е причина зошто кога сте под стрес, имате тенденција да јадете производи кои содржат повеќе шеќер.

Кортизолот го забавува метаболизмот, со цел да се зачува повеќе енергија. Доколку нивото на кортизол се зголемува, тогаш и вашата килажа ќе расте.

Лептин

Лептинот е хормон за ситост. Лептинот го контролира вашиот метаболизам и им дава насоки на клетките дали да ги сочуваат или да ги согорат мастите. Кога нивото на лептин е ниско, се зголемува апетитот и вашето тело има тенденција да го сочува вишокот на храна како масти. Многу често, нивото на овој хормон се намалува поради недоволното спиење.

Тироидни хормони

Тироидните хормони (Т1 и Т4) ги произведува тироидната жлезда, а нивната главна функција е да се поттикне липолизата. Тие, исто така, имаат важна улога при регулирањето на метаболитичките процеси. Доколку имате ниско ниво на тироидните хормони, голема е веројатноста дека ќе се зголеми вашата телесна тежина.


Што и како треба да јадете за да ја намалите телесната тежина!?

Според одредени истражувања, докажано е дека во исхраната треба да се консумираат 3 оброци на ден, за да се дојде до посакуваната линија.

Практикувањето на строги диети воопшто не е здраво, а резултатот кој ќе се постигне не е долготраен. Постепеното губење на тежината е многу подобро за телото и има подолготрајни резултати.

Доколку сакате да ја намалите телесната тежина, намалете го количеството на калории кое го внесувате. На пример, доколку вашиот нормален внес е околу 1.900 калории дневно, намалете го на околу 1.700 калории.

Јадете храна која има помали шанси да го зголеми нивото на инсулин во вашето тело.

Избегнувајте храна пребогата со јаглехидрати и наместо тоа, јадете храна богата со протеини и влакна - тоа ќе ви помогне да се чувствувате сити и нема да предизвика прејадување.

Протеините помагаат при формирање на мускулна маса и ги согоруваат мастите, дури и кога се одморате.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg