4 причини зошто да пиете топла, наместо студена вода
Сите ние добро знаеме дека во текот на денот треба да пиеме околу 8 чаши дневно, но ретко кој знае дека подобро е да пиете топла отколку ладна вода.
Зошто?
Има позитивни ефекти на системот за варење
Студената вода ги зацврстува мастите, а топлата помага храната побргу да се разградува.
Има позитивни ефекти на дишните патишта
Студената вода предизвикува собирање на слуз и се зголемува ризикот од добивање на инфекции кои можат да доведат до болки в грлото и слично, спротивно на тоа, топлата вода ќе ви помогне за превенција.
Има позитивно влијание на циркулаторниот систем
Студената вода ги стеснува крвните садови, а топлата го подобрува движењето на крвта.
Позитивно влијание на нервниот систем
Ниските температури се еден од факторите кои предизвикуваат главоболки. Истражувањата покажуваат дека студената вода може да предизвика мигрена, а од друга страна, топлата вода ја намалува болката.
Н. Г. | Црнобело