Нутритивни вредности на сокот од портокал

Сокот од портокал претставува најосвежителен пијалак коj нуди голем број здравствени придобивки и има позитивно влијание врз целиот организам.

nutritivni-vrednosti-na-sokot-od-portokal-1.png

Редовното консумирање на 100% сок од портокал, особено наутро, резултира со воспоставување баланс на метаболизмот и забрзување на дигестивниот систем. Во текот на ноќта, додека спиете, телото создава дефицит на течности поради тоа што ги преработува хранливите материи и го регенерира телото.

Поради ова, наутро организмот има голема потреба од течности и витамини. Со консумирање една чаша 100% сок од портокал, се задоволуваат 25% од дневната потреба на организмот од Ц витамин и исто така се буди чувството на свежина која ве исполнува со позитивна енергија и која ве води кон среќен и продуктивен ден.

nutritivni-vrednosti-na-sokot-od-portokal-2.png

Натриумот и растителните влакна помагаат при намалувањето на телесната тежина, исфрлањето на масти и намалувањето на надуеноста во желудникот.

Вива 100% сок од портокал е одличен за консумирање доколку се занимавате со некој спорт или сакате да го одржувате вашето тело здраво и во добра форма. По напорниот тренинг, на телото му се потребни шеќери со кои ќе воспостави баланс и ќе овозможи доведување на анаболна фаза во која се зголемува протеинската синтеза. Ова доведува до побрз опоравок и повторно будење на чувството на енергија.

Вива 1 литар 100% сок од портокал е произведен од 12 сочни портокали и содржи 10,7 грама јаглехидрати во 100 милилитри, што го прави одличен извор на енергија којашто стимулира издржливост по напорните тренинзи и спортските натпреварувања.

nutritivni-vrednosti-na-sokot-od-portokal-3.png

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg