Храна која се грижи за вашиот црн дроб
Без разлика на тоа какви супстанци влегуваат во нашиот организам, црниот дроб е тука да ги процесира, обработи и да ни помогне да се ослободиме од нив.
Токму затоа, многу е важно да се грижите за вашиот црн дроб.
Тоа можете да го направите со неколку производи:
1. Лук
Лукот содржи многу супстанци кои се здрави за црниот дроб, а посебно што содржи селен кој ги зголемува ефектите на антиоксидансите. Лукот исто така содржи и аргинин кој ги релаксира крвните садови и го намалува крвниот притисок во дробот.
2. Маслиново масло
Ладното цедено масло кога се консумира умерено ги „јаде“ токсините од телото и на еден начин презема дел од работата на црниот дроб.
3. Зачини и зеленчук
Мислиме посебно на зелениот зеленчук и зачините кои се добиваат од зелени растенија, бидејќи истите содржат селен и калциум. Зелениот зеленчук го заштитува црниот дроб преку неутрализирање на ефектите на металите, хемикалиите и пестицидите.
4. Зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданси познати како катехини кои го штитат организмот од штетните радикали и според научниците, од многу типови на рак.
5. Грејпфрут
Витаминот Ц, ама и глутатионот кој се лачи и од црниот дроб помагаат при обновувањето на ткивата, производството на протеини и брзо регенерирање на имуниот систем.
6. Ореви
Оревите се богати со антиоксиданси и незаситени масти кои спречуваат да се акумулираат масти на црниот дроб.
7. Јаболка
Јаболката содржат пектин, кој е неопходен за чистење на телото и отстранување на токсините од системот за варење на храна.
8. Куркума
Куркуминот е составна супстанца на куркумата кој го чисти црниот дроб и превенира токсините и алкохолот да се претворат во штетни материи.
9. Лимон и лимета
Лимонот и лиметата содржат големи количини на витамин Ц кој е познат по тоа што токсините ги претвора во хидросолубилни супстанци кои лесно се исфрлаат од телото.
10. Авокадо
Авокадото содржи глутатион кој заедно со витамините Ц, Е и К делуваат како антиоксиданси и ги неутрализираат слободните радикали, па на тој начин го штитат црниот дроб од оштетување.
Н. Г. | Црнобело