9 лесни начини како да го подобрите држењето на телото
Доброто држење на телото е клучно за привлечен изглед, но и е знак на добро здравје.
Доколку имате проблеми да останете исправени, обидете се да го подобрите држењето на овие начини:
1. Практикувајте вежби за подобрување на држењето
Ако работите во канцеларија, задолжително правете вежби по 10-20 минути во денот. Побарајте помош и предлози од стручни лица, загрејте се и направете ја вашата дневна доза вежби.
2. Организирајте го работното биро
Ако долго време работите пред компјутер, погрижете се масата да ви е во ниво на лактите, а очите под прав агол да го гледаат мониторот.
3. Држете го мобилниот под правилен агол
Не ја навалувајте главата за да видите нешто, туку поткренете ги рацете и наместете го телефонот. Телото не треба да се прилагодува според екранот, туку обратно. Затоа, главата нека биде „под 0 степени“, како првиот човек на илустрацијата.
4. Инсталирајте апликации
Зборуваме за апликации кои ќе ве потсетат кога премногу ќе го искривите ‘рбетот или главата.
5. Дишете правилно
Бавното дишење, користејќи ја дијафрагмата, ќе ви помогне брзо и природно да го подобрите ставот.
6. Бидете свесни за позицијата во која се наоѓате
Дури и кога спиете. Грбот секогаш треба да ви биде прав, односно душекот треба да се прилагоди, а не вие да се искривите.
7. Седете со грбот навален под 135 степени
Запомнете дека вака притисокот на грбот е најмал.
8. Практикувајте јога
Јогата е одлична за оваа намена. Пилатесот и аеробикот исто така ќе ве доведат на правиот пат до идеално држење на телото.
9. Научете да стоите правилно
Звучи смешно, но многу луѓе стојат погрешно. Не го виткајте задникот, не ги виткајте рамениците и не го искривувајте вратот. Обидете се целото тело да биде една права линија.
М. Д. | Црнобело