Зошто не треба да користите рециклирана тоалетна хартија?
Кога ќе го слушнеме зборот рециклирано, автоматско го поврзуваме со еко-пријателски. Сепак, не сите производи што се рециклирани се корисни и имаат придобивки за нашето здравје.
Типичен пример за ваков производ е рециклираната тоалетна хартија. Истражувачите кои ја спровеле научната студија објавено во „Environmental Science & Techology“ споделиле дека сите типови на рециклирани производи – тоалетна хартија, салфети, хартиени бришачи ги содржат хемиските супстанции Бисфенол А (BPA) и Бисфенол С (BPS).
Двете се среќаваат во производите од рециклираната хартија и двете се особени штетни по здравјето.
Имено, термичката хартија се премачкува со Бисфенол А со цел да го спречи избледувањето на хартијата, односно текстурата и боите. Овој процес особено се користи во фискалните сметки, со цел истите да ги задржат податоците на хартијата на подолг временски рок. Штетната супстанција Бисфенол А се употребува и во некои весници, списанија, влезници, флаери итн.
Кога сите овие типови хартија ќе се рециклираат, штетната супстанција се задржува во новиот производ, односно тоалетната хартија или бришачите.
Употребата на рециклирана тоалетна хартија се поврзува со ендокринолошки пореметувања, со појава на канцер, дијабетес, како и проблеми со срцето, црниот дроб и тироидната жлезда.
Затоа, кога се работи за нешто толку сензитивно како тоалетната хартија, изберете квалитетен и нерециклиран хигиенски производ.
(О)Милена | Црнобело