5 грешки заради кои жените често имаат проблеми со интимното здравје
Интимната зона е една од најчувствителните на женското тело. Неопходно е да бидете добро информирани за да не патите од инфекции и други здравствени проблеми.
За жал, свесно или несвесно, овие 5 грешки жените ги прават многу често, па затоа имаат проблеми со интимното здравје.
Од денес внимавајте:
1. Мириси и парфеми
Повеќето гелови за интимна нега нудат парфимиран мирис, но она што всушност треба да барате е pH неутрална вредност, а не мирис на цвеќе или ванила. Кога користите гелови и други козметички производи со агресивни мириси, ја уништувате природната рамнотежа.
2. Директен млаз вода
Ова е важно правило - никако не ја насочувајте водата директно кон интимните делови. На тој начин ги измивате добрите бактерии кои ве штитат од инфекции.
3. Храна
Солената и претерано слатката храна прават нерамнотежа на киселоста на телото, па лесно можат да ја нарушат pH вредноста и на интимните делови. За да се спасите, секојдневно консумирајте јогурт, јаболков оцет, незасладен сок од брусница, производи од соја и лук.
4. Тесна долна облека
Танга гаќичките исто како и оние од тантела се прекрасни, но може да ви направат поголема штета отколку корист. Тие не и дозволуваат на кожата да дише, па станува влажно место подложно за ширење бактерии. Потпрете се на памучната и комотна долна облека.
5. Менување на хигиенските влошки
За време на менструалниот циклус, важно е да внимавате на хигиенските влошки и тампоните, односно временскиот интервал на кој ги менувате. Поточно, треба да ги менувате на секои 2 часа, или по секое одење во тоалет. Заборавете на штедење во овој случај.
М. Д. | Црнобело