10 најчести грешки поради кои спиете лошо

Доколку имате проблеми со спиењето, се будите уморни или пак имате болка во грбот и вратот по будењето веројатно правите некои од вообичаените грешки.

10-najcesti-greski-poradi-koi-spiete-loso-01

Обидете се да ги избегнувате следниве:

1. Спиете на висока перница

Перницата би требало да ја подигне главата онолку високо колку за `рбетот да биде исправен додека спиете. Секое искривување на `рбетот создава притисок на прешлените или на нервите кој резултира со болка.

2. Перницата ја користите само за главата

Доколку спиете на грб, ставете перница под колената за да го намалите притисокот на долниот дел од грбот. Доколку спиете странично поставете перница помеѓу нозете.

10-najcesti-greski-poradi-koi-spiete-loso-02

3. Спиете на стар душек

Поголемиот број на душеци со федери имаат рок на траење од пет до десет години во зависност од нивниот квалитет и времето кое го поминувате на нив. Доколку на средината на креветот се појави вдлабнување, многу е веројатно дека ќе се будите со болка во грбот, колковите или рамената.

4. Спиете на премногу мек душек

Тешко е  да се каже каков треба да биде совршениот душек. Без оглед на се доколку имате чувство дека потонувате во него, веројатно е премногу мек. Ако карлицата е неколку сантиметри под остатокот од телото, тоа ќе резултира со болка.

5. Спиете на премногу тврд душек

Тврдиот душек може да предизвика болка во колковите и рамената. Решение за тоа може да биде меката подлога од мемори пена.

10-najcesti-greski-poradi-koi-spiete-loso-03

6. Спиете со полн стомак

Барем три часа пред спиење не би требало да јадете мрсна, пржена или зачинета храна. Доколку морате пред спиење преферирајте храна која лесно се вари.

7. Пиете алкохол пред спиење

Иако алкохолот ќе ви помогне полесно да заспиете, ризикувате да имате лош сон проследен со чести будења.

8. Спиете на стомак

Спиењето на стомак може да биде доста неудобно. За полесно дишење неопходно е главата да се завти на една страна, што предизвикува искривување на `рбетот. За да го подобрите спиењето обидете се со тенка перница под абдоменот.

10-najcesti-greski-poradi-koi-spiete-loso-04

9. Спиете во синтетички материјали

Тоа се однесува и на постелнината и на пижамите. Материјалите како што е сатенот можеби делуваат пријатно, но ја задржуваат топлината од телото повеќе во споредба со природните материјали. Тоа доведува до зголемена температура и неудобност. Затоа најдобро е да се користат памучни пижами и постелнини.

10. Спиете во премногу топла или премногу ладна просторија

Спиењето во просторија со температура над 24 или под 12 степени целзиусови предизвикува пореметување на сонот. Оптималната температура за спиење изнесува околу 19 степени целзиусови.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg