Откријте дали сте загрозени: 7 видови алергии кои се во голем пораст

Ако сте имале реакција додека сте разговарале на мобилниот телефон, сте носеле нов часовник или едноставно сте одлучиле да се прошетате во природа, можеби виновникот се токму алергиите.

otkrijte-dali-ste-zagrozeni-7-vidovi-alergii-koi-se-vo-golem-porast-1.png

Некои од алергиите бележат голем пораст ширум светот, а ние ви ги откриваме седумте најчести и најбрзо растечки: 

1. Алергија на никел

Никелот е хемиски елемент кој е присутен речиси насекаде. Од мобилните телефони и кујнските апарати, па сè до накитот кој содржи сребро или злато. Со оглед на зачестеноста, личностите кои се алергични на никел тешко можат да ја избегнат алергиската реакција, која се манифестира со чешање, црвенило и осип, најчесто на зглобовите и долниот дел од абдоменот. Сепак, добрата вест е дека многу од производителите на кујнски апарати, денес продаваат производи без никел, а кои имаат и соодветен сертификат.

2. Сезонски алергии

Оние кои секоја пролет имаат проблеми со црвени очи, воспалено грло и кивање, знаат дека пристигнала сезонската мака со алергиите. Но, проблемот е што поради климата која се менува, тие нe само што стануваат позачестени, туку и подолго траат. Покрај тоа што пролетта секоја година доаѓа сè порано, загадувањето на воздухот влијае на самиот полен. Експертите советуваат што подобро да се заштитите, особено во текот на ветровитите денови, па не заборавајте да понесете шапка и очила за сонце.

otkrijte-dali-ste-zagrozeni-7-vidovi-alergii-koi-se-vo-golem-porast-2.jpg

3. Отровен бршлен и даб

Отровниот бршлен и дабот никогаш не биле пошироко распространети, благодарение на топлата клима и зголемување на јаглеродниот диоксид во атмосферата. Покрај распространетоста, овие растенија се поотпорни од било кога, што влијае и на алергиите. Осипот што го предизвикуваат, може да потрае од 5 па сè до 12 дена.

4. Лекови

Сите сме се нашле во ситуација кога докторот не прашал дали сме алергични на некој од лековите. Одговорот сигурно гласел: Не. Но, вистината е дека всушност не знаеме дали сме алергични или не, туку едноставно се надеваме дека нема да умреме од реакцијата на добиениот лек. Колку е неопходно важно да се тестирате, говори податокот дека 10 проценти од светската популација има алергија на лекови, а околу 20 проценти од хоспитализираните пациенти умираат од истата.

otkrijte-dali-ste-zagrozeni-7-vidovi-alergii-koi-se-vo-golem-porast-3_copy.jpg

5. Храна

И алергијата на храна е поприсутна од кога и да е. Научниците го објаснуваат ваквиот пораст, како резултат на претераното миење на храната, и генерално стерилните услови во кои расте и се пакува. Бактериите, кои со таквиот начин на производство и подготовка се отстрануваат, всушност се важен фактор во развивањето на отпорност на имунолошкиот систем.

6. Домашни миленици

За жал, многу луѓе се откажуваат од своите пријатели на четири нозе, поради алергијата на мачки или кучиња. Но, всушност, самите животни не се причината, туку хипер сензибилните сетила на луѓето, кои се пречувствителни на урина и животинска плунка. Добрата вест е дека ваквите алергии сепак можат да се спречат со редовно земање лекови, па не мора да се откажете од своите крзнени цимери.

otkrijte-dali-ste-zagrozeni-7-vidovi-alergii-koi-se-vo-golem-porast-4.jpg

7. Инсекти

Повеќето луѓе ќе имаат алергиска реакција на убод од инсект. Каснувањето од пајак, на пример, ќе предизвика оток и чешање. Но, секогаш бидете внимателни, особено кога станува збор за пчели, стршлени или оси. Ако забележите треска, дијареја или тешкотии во дишењето, не чекајте - веднаш повикајте брза помош!

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg