Храна која никогаш не смеете да ја користите доколку е со поминат рок
Доколку „роварите“ во фрижидерот и налетате на производи на кои што им е поминат рокот, размислете двапати пред да се одлучите да ги консумирате. Па, доколку се прашувате дали да ја фрлите храната со поминат рок и покрај тоа што сте ја платиле поскапо, одговорот е дефинитивно „да“!
Во продолжение погледнете кои типови на производи можат да бидат навистина опасни, доколку ги консумирате по истекувањето на рокот на употреба.
Природни свежо цедени овошни сокови
Освежителните ладно цедени сокови кои ги обожавате, никогаш не смее да се косумираат откако ќе им измине рокот на употреба. Крајниот датум е најчесто само 2 до 5 дена од датумот на производство и истиот е означен на самата амбалажа.
Бидејќи овие сокови се непастеризирани, истите се подложни на контаминација на бактерии. Од друга страна, соковите кои се произведени со процес под висок притисок траат подолго - од 30 до 45 дена од датумот на производство.
И за нив се препорачува консумирање пред истекот на рокот на употреба.
Свежо шумско овошје
Свежите јагоди, боровинки и малини се богати и хранливи овошја, но, тие исто така може во себе да носат и паразит, кој предизвикува дијареа, повраќање, надуеност и други непоријатни симптоми.
Мијте ги пред секое јадење и никогаш не ги консумирајте после истекот на датумот на употреба, особено откако ќе почнат да се распаѓаат или да се појавува мувла. Зачувајте пари така што ќе ги замрзнете свежите плодови кои не планирате да ги јадете веднаш.
Сечкани сувомесни производи
Освен ако не купувате претходно вакумирани пакувани парчиња сувомеснато, оние тенко исечени парчиња од димено мисиркино месо имаат рок на употреба од само 3 до 5 дена. Не чекајте да станат лигави или да почнат лошо да мирисаат – тогаш е веќе доцна.
Тоа е затоа што може да ја содржат бактеријата листерија – тип на бактерија која може да опстои и на ниски температури и може да предизвика треска, болки во мускулите, дијареа и сериозни комликации кај бремените жени.
Меки сирења
Слично како и сувемеснатото, меките сирења може да содржат листерија, како и ешерихија коли - посебно ако се направени од непастеризирано млеко. И во споредба со потврдите сирења, расипаните делови потешко можат да се отстранат. Општото правило е дека треба да се консумираат 5 до 7 дена, откако ќе се отворат.
Листест зеленчук
Се однесува за салати како марули и зелка. Иако истите се премивани повеќепати, истражувањата покажуваат дека тие сѐ уште имаат тенденција да содржат бактерии, како на пример ешерихија коли. Задолжително е секогаш да се мијат пред употреба и никогаш да не се консумираат ако стојат долго и забележите дека се расипани.
Свежо месо
Голем дел од свежото месо кое се продава во продавниците е контаминирано со салмонела, ешерихија коли и други бактерии кои може да предизвикаат болести на мозокот. Може да се консумира само пред рокот на употреба да истече или доколку претходно е замрзнато – пред бактериите да имаат шанса во голема мера да се размножат.
Дури и пред рокот на употреба, треба да да го приготвите месото на соодветна температура. Најголем ризик има кај меленото говедско месо, бидејќи тоа се допира најмногу при обработката.
С. У. | Црнобело