10 намирници кои можат да заменат 2 чаши вода дневно

Златно правило за одржување на здравјето и оптималната тежина под контрола е пиење 8 чаши вода на ден, што за многумина изгледа како невозможна мисија.

10-namirnici-koi-mozat-da-zamenat-2-casi-voda-dnevno-01

Меѓутоа нутриционистите истакнуваат дека дури 20% од дневниот внес на вода може да се прими преку храната, особено овошјето и зеленчукот кои содржат околу 90% вода во својот состав.

Токму затоа ова се намирниците кои ќе ви помогнат да го одржите вашето тело хидрирано и здраво:

1. Зелена салата

Содржина на вода: 95,6 %

Нутриционостите често ја исклучуваат од листата на пожелни зеленчуци бидејќи е нутритивно сиромашна. Но кога станува збор за количество на вода таа предничи како една од најголемите ризници на течности.

2. Листови целер

Содржина на вода: 95,4 %

Целерот содржи многу малку калории, само шест по стебло, додека неговите влакна и вода помагаат во контролата на гладот и апетитот.

3. Домати

Содржина на вода 94,5 %

Ситни парчиња домати и малку сирење можат да бидат одлична ужина. Големото количество вода кое го содржат мноу брзо го хидратизира телото.

4. Зелена пиперка

Содржина на вода: 93,9 %

Сите пиперки имаат висока содржина на вода, но зелените се оние кои се во предност. Жолтите и црвените имаат малку помала вредност (околу 92 % ).

5. Карфиол

Содржина на вода: 92,1 %

Освен што содржи многу вода, карфиолот е и богат со витамини, а најдобро е да се консумира во свежа состојба.

6. Спанаќ

Содржина на вода: 91,4 %

Спанаќот е богат со лутеин, калиум, влакна и фолна киселина. Само една чаша свежи листови содржи 15 % од дневната потреба на витамин Е.

7. Краставица

Содржина на вода: 96,7 % 

Краставицата има најголемо количество на вода од сите зеленчуци што ја прави совршена како додаток во јадењата.

8. Брокула

Содржина на вода: 90,7 %

Брокулата е богата со влакна, калиум, витамин А и Ц, а содржи и сулфорафан – состојка која ги подобрува природните ензими и ги исфрла хемикалиите од телото.

9. Грејпфрут

Содржина на вода: 90,5 %

Грејпфрутот помага во намалувањето на холестеролот. Еден грејпфрут дневно го намалува лошиот холестерол за 15 %.

10. Млад морков

Содржина на вода: 90,4 %

Младиот морков содржи двојно поголемо количество на вода отколку кога е во последната фаза на раст.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg