5 работи кои не треба да ги правите веднаш по јадење
Многу од нас живеат во заблуди кои полека, но сигурно ни прераснуваат во секојдневна рутина.
Па, ако туширањето набрзо по оброк ви е секојдневие и нормална активност, време е да ја промените.
Вкупно 5 работи кои ви се забранети по јадење, ако сакате да се чувствувате добро и здраво:
Бањање
Идеално би било доколку се туширате барем 30 минути по јадењето. Туширањето и бањањето ја зголемуваат телесната температура, што може да ја попречи правилната дигестија.
Пиење топол чај
Истражувањата покажуваат дека пиењето топол чај може да ја намали апсорпцијата на железо во крвта, па добро би било да го одложите пиењето на чај за 1 час по јадењето. Добра алтернатива за возрасните е кафето без млеко.
Спиење
Докажано е дека спиењето веднаш по јадење е штетно по здравјето заради тоа што може да предизвика гушење, нагони за повраќање и киселини. Експертите препорачуваат да останете будни барем 2 часа по оброкот.
Спортување
Без оглед на тоа колку добра и здрава ви се чини идејата да вежбате штотуку најадени, експертите советуваат да не го правите тоа. И за вежби треба да почекате барем 2 часа по јадењето.
Пушење цигара
За време на процесот на варење на храна, никотинот се апсорбира двојно повеќе во телото, што може да има сериозни последици. Затоа, почекајте барем 20 минути пред да запалите цигара.
М. Д. | Црнобело