Делови од телото кои не смее да ги допирате со раце

Истражувањата покажуваат дека рацете се најчестите преносители на бактерии, заради што често се соочуваме со здравствени проблеми.

Ova-se-delovite-od-teloto-koi-nikako-ne-treba-da-gi-dopirate-so-race-01

Дури и откако ќе ги измиеме, тие за неверојатно кратко време веќе се полни со бактерии кои чекаат да бидат пренесени. Ова особено важи за девојките кои имаат долги нокти.

За да избегнете најразлични болести и инфекции ова се местата кои во никој случај не треба да ги допирате со рацете:

1. Ушна школка

Никогаш не треба да ги ставате прстите или било кои други предмети во ушната школка. Истото важи и за чепкалките за уши кои повеќето луѓе ги користат не знаејќи за нивното лошо влијание. Ако подолго време чувствувате дека ве чешаат ушите, време е да посетите лекар.

2. Лице

Пред да го чистите лицето и да нанесувате какви било козметички средства, мора внимателно да ги измиете рацете. Во текот на денот обидете се допирањето на лицето да го сведете на минимум.

3. Очи

Допирањето на очите е дозволено само доколку ставате контактни леќи или ја отстранувате шминката, што секако треба да го првите со чисти раце. Допирањето на очите кога тоа не е потребно може да предизвика бројни инфекции.

4. Усна шуплина

Луѓето понекогаш дури и несвесно ги носат прстите до устата или ги чепкаат забите со нечисти раце. Имајќи предвид што сè допирате со рацете, постојат огромни шанси за внесете еден куп бактерии.

5. Носна шуплина

Престанете да „копате“ во вашиот нос со прстите. Оние личности кои имаат навика да „чепкаат“ во својот нос имаат многу поголема шанса да внесат бактерии како стафилокока. Оваа бактерија е една од најчестите инфекции кои се пренесуваат на овој начин.

6. Делот под ноктите

Долгите нокти се одличен извор на бактерии, меѓу кои и опасната стафилокока. За да го сведете ваквиот ризик на минимум, секогаш водете сметка ноктите да ви бидат уредни и исечени.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Како да се заштите од уринарни инфекции кога пливате во базен? Само еден пливач може да внесе милијарди микроби, вклучително и фекални честички...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg