6 најчести грешки кои жените ги прават со долната облека
Поминувате покрај продавница за долна облека и погледот инстантно ви се лепи на прекрасни свилени чипкани гаќички и градник?
Вистината е дека ваквите материјали се несомнено прекрасни на изглед и допир. Но, кога станува збор за чувствителната женска кожа и интимното здравје, сепак не треба да бидат вашиот прв избор при купување долна облека.
Ви се случило некогаш да се заборавите и да ги носите истите гаќи 2 дена по ред? Ова е само една од грешките кои жените ги прават при изборот и носењето долна облека:
Секојдневно носите танга гаќички
Вистината е дека тангата придонесуваат за појава на интимни инфекции, како и озогласената бактерија ешерихија коли. Ограничете го нивното носење на неколку часа дневно доколку вистински не можете без нив и внимавајте внатрешниот дел да биде памучен.
Не ѝ давате предност на памучната долна облека
Веќе споменавме дека ништо не се споредува со свилената чипкана долна облека, но ваквиот тип зачувајте го за специјални пригоди. Кога станува збор за секојдневната долна облека, преферирајте 100% памук.
Не ја менувате долната облека по вежбањето
По напорниот тренинг сите трчаме да ја смениме испотената маица, но вистината е дека предност треба да ѝ се даде на долната облека. Инфекциите и бактериите се развиваат на топло, влажно и темно место, а испотените хеланки или тренерки сосема одговараат на описот.
Користите премногу агресивен прашок и омекнувач за перење
Сите оние парфимирани цветни детергенти за алишта изгледаат како одлична идеја, но не и кога станува збор за одржување на деликатната долна облека. Вистината е дека хемикалиите кои ги содржат овие продукти понекогаш може да ја иритираат вагината, каде што кожата е најчувствителна.
За долната облека користете нежен, неутрален и непарфимиран течен детергент или прашок.
Купувате премала долна облека
Доколку долната облека ве стега или остава траги и црвенила на вашата кожа значи дека ви е премала, со што го изложувате интимниот дел на вагинални инфекции и кожен осип.
Секогаш купувајте точна долна облека, а не е ништо страшно таа да биде дури и малку поголема.
Повторно ги облекувате веќе носените гаќи
Се брзате за излегување и одеднаш сфаќате дека немате ниту еден чифт чисти гаќи. Претходните ги носевте само неколку часа, што лошо може да се случи – си помислувате додека посегнувате по нив во корпата за алишта.
Штом завршиле во корпата за алишта тоа значи дека се валкани и одличен извор на бактерии, макар ги превртеле и наопаку од „чистата страна“.
Гинеколозите често пати советуваат да спиете без долна облека. Доколку сепак не можете без нив, сега е вистинското време за удобни памучни „бабински“ гаќи.
(О)Милена | Црнобело