3 совети како да се изборите со алергиите пред почеток на пролетта

За многумина доаѓањето на пролетта значи растечен нос, насолзени очи и неконтролирано кивање. Колку и да е тоа така, сепак алергиите не можеме да ги поврземе само со едно годишно време, тие се активни во текот на целата година.

3-soveti-kako-da-se-izborite-so-alergiite-pred-pochetok-na-proletta-2.png

Причината поради која луѓето со алергија имаат растечен нос и воспалени очи, е поради тоа што нивниот имунолошкиот систем работи во обратна насока против исперцепираните закани на околината, борејќи се со помош на хистаминот.

Во продолжение прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат да ги регулирате алергиските реакции во текот на пролетното расцветување на природата:

Прескокнете го проветрувањето

Експертите препорачуваат во текот на пролетните денови да ги држите прозорците затворени. Топлиот воздух кој дозволувате да циркулира во вашиот дом при проветрување, всушност само го зголемува нивото на полен онаму каде престојувате. Како замена користете освежувачи на воздухот со јонизирани воздушни филтри и истите менувајте почесто.

Придржувајте се до советите на нутриционистите

Колку и да ви изгледа нелогично, сепак исхраната е еден од основните сегменти при регулирање на алергените реакции. Поконкретно, преработените шеќери и карбохидрати всушност го ослабуваат вашиот имунолошки систем и тој станува поподложен на алергиите. Во овој период од годината препорачливо е да се придржувате до начин на исхрана кој е богат со омега-3 киселини.

Постелнината складирајте ја сезонски

Дополнителните перници и ќебиња кои ги складираме во плакарите се едни од најподложните привлекувачи на алергени. Затоа во собата во која спиете чувајте го само она што го користите во тој момент, останатите прекривки и перници складирајте ги во вакуум вреќи и пренесете ги во друга просторија барем додека спласне сезоната на алергиите.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Страбизам (вкрстени очи) кај деца: Што го предизвикува и дали се третира? Најчестите причини за страбизам (вкрстени очи) кај децата се далековидост или кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg