30 дневен предизвик за подобро здравје

Во последно време сè попопуларни стануваат 30 дневните предизвици. Најчесто предизвиците се однесуваат за фитнес и ве тераат да си ја подобрите физичката кондиција.

30-dneven-predizvik-za-podobro-zdravje-1

Ама ние имаме одличен предлок како со 30 работи, да си го подобрите здравјето:

1. Џвакајте 30 пати пред да голтнете

Експертите кажуваат дека меката храна треба да ја џвакате 5 - 10 пати пред да голтнете, додека месото и потврдата храна треба да ја џвакате 30 пати пред да ја голтнете, за да се свари полесно.

2. Спијте 7 - 9 часа дневно

Препорачано е возрасните да спијат најмалку 7 до 9 часа за добро здравје. Затоа, денес наспијте се подобро и пречекајте го денот совршено одморени.

3. Јадете зеленчук со секој оброк

Зеленчукот содржи малку калории, а изобилува со нутритивни вредности. Пробајте да го вметнете во речиси секој оброк.

4. Фокусирајте се на држењето на телото

Правилното држење на телото е многу важно за да избегнете болки во колената, грбот, вратот и да се спасите од многу непријатни заболувања.

5. Одете по скали, избегнувајте лифтови и ескалатори

Качувањето по скали е одлична кардио вежба да си го поправите целокупното здравје и да ги зајакнете вашите мускули.

6. Згответе си нешто здраво дома

Луѓето кои готват дома консумираат помалку калории и јадат поздраво отколку тие што јадат во ресторани.

7. Смејте се многу

Смеењето нè прави среќни. Не бадијала е кажано дека смеењето е најдобриот лек.

8. Немојте да јадете после 20 часот

Јадењето доцна навечер влијае лошо на вашиот сон и на вашиот метаболизам.

9. Пешачете до училиште или работа

Издвојте 30 минути повеќе и денес наместо со автомобил или автобус тргнете пеш кон вашата дестинација.

10. Истегнете ги мускулите

Истегнете ги мускулите од време на време. На тој начин ќе ја подобрите еластичноста на мускулите и нема да се чувствувате напнато.

11. Пијте многу вода

Денес пробајте да внесете многу повеќе течности од обично. Се препорачува да пиете два литри вода на ден.

12. Избегнувајте сол

Пробајте да намалите на солта. Не мора да ставате екстра сол на секое јадење.

13. Избегнувајте рафинирана храна со сокриени шеќери

Избегнувајте газирани пијалаци, слатки, грицки и храна во сомнителни пакувања. Внесете природни шеќери од мед или овошје во вашата исхрана.

14. Јадете 6 помали оброци

Денес јадете 6 помали оброци. Наместо два или три големи, намалете ги и разделете ги оброците и внесете ги сите нутритивни вредности кои ви се потребни .

15. Слушајте што ви бара телото

Слушајте што му треба на телото. Не претерувајте со јадење затоа што ви е многу слатко, а во исто време се чувствувате подуено и непријатно.

16. Најдете суплемент што ви одговара

Ако мислите дека не внесувате доволно витамини, протеини, масти или слично, најдете го правилниот суплемент што ќе ви го подобри здравјето и ќе ви ја даде потребната енергија.

17. Пијте чаеви

Чај од мента за подуеност, чај од ѓумбир за повраќање или за вртоглавица или чај од камилица за смирување со седативно дејство. Лечете ги непријатностите на природен начин.

18. Престанете опсесивно да се мерите на вагата

Немојте да бидете опседнати со вашата тежина. Не е лошо да тежите многу, само потрудете се таа тежина да биде од мускули, а не од несакани масти.

19. Немојте да се лишувате од мали задоволства

Денес дозволете си го вашиот омилен колач. Ова не треба да ви биде навика, но не значи дека треба целосно да се откажете од малите слатки задоволства.

20. Пробајте нова вежба

Денес најдете некој нов начин на вежбање. Променете ја рутината и внесете нешто ново во вашето вежбање што ќе ви биде возбудливо и ќе ги предизвика вашите мускули.

21. Избегнувајте транс масти

Научете кои се добри, а кои лоши масти. Мастите се добри и ни се многу потребни. Избегнувајте помфрит и заменете го со бадеми, лешници, ореви и слично.

22. Користете заштитен фактор

Заштитниот фактор не е само за на плажа. За да избегнете предвремено стареење на кожата потребно е секој ден да ја заштитувате кожата од штетните сончеви зраци. Дури и во зима кога тие се скриени.

23. Избегнувајте процесирана храна

Процесираната храна како белиот шеќер или белото брашно влијаат на нивото на енергија и на чувството на замор. Ни ја намалуваат виталноста на организмот и влијаат лошо врз целокупното здравје.

24. Туширајте се две минути со ладна вода

Ладната вода ја подобрува циркулацијата на крвта и со самото тоа нашата енергија преку денот ќе биде значителна поголема.

25. Направете си домашна гранола

Направете си самите дома гранола за појадок и избегнете ги скриените шеќери кои ги има во оние кои се купени од продавница.

26. Не одете гладни во продавница за храна

На тој начин само ќе го наполните фрижидерот со непотребни работи и ќе се натерате самите да јадете нешто што обично не би си го купиле.

27. Засадете нешто во вашата градина или излезете надвор и играјте си со вашите деца

За што и да се одлучите, поминете време во природа по можност со некоја активност која вклучува спортување.

28. Ден за вашето ментално здравје

Прочитајте некоја инспирирачка приказна, медитирајте, вежбајте јога и едноставно искористете го денот за да се релаксирате.

29. Јадете црно чоколадо

Заменете го млечното чоколадо со црно чоколадо. Црното чоколадо содржи антиоксиданси и помага за зголемување на протокот на крв кон мозокот.

30. Исчистете го просторот во кој престојувате

Наместо да седите во слободно време пред компјутер или телевизор, исчистете ја собата во која поминувате најмногу време. Колку повеќе средувате и фрлате непотребни предмети толку подобро ќе се чувствувате.

 

30-dneven-predizvik-za-podobro-zdravje-2

Со среќа.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg