Храна и апчиња кои не смее да ги мешате заедно
Сите знаеме дека некои апчиња е ризично да се комбинираат со алкохол, но ретко кој знае дека и кафето и млечните производи можат да наштетат ако сте на лекарства.
Ова се 8 комбинации кои веројатно не сте ги знаеле, а може да ви предизвикаат било какви несакани ефекти или конечно да ви објаснат зошто не ви е добро кога сте на одредена терапија.
Апчиња за астма, бронхитис и други белодробни заболувања
Внимателно со: пијалаци и храна која содржи кофеин
И двете имаат стимулирачки ефект на нервниот систем, па може да предизвикаат раздразливост или нервоза. Посебно треба да бидете внимателни доколку апчињата содржат теофилин, бидејќи кофеинот може да создаде токсини во комбинација со него.
Апчиња за намалување на крвниот притисок
Внимателно со: храна богата со калиум
Овие апчиња го зголемуваат количеството на калиум во телото, а во комбинација со храна богата со калиум може да се претера. Тоа понатаму создава тахикардија и недостаток на воздух. Што значи, откажете се или намалете со бананите, компирите и спанаќот.
Апчиња против аритмија
Внимателно со: сладунец
Сладунецот содржи глициризинова киселина која ако дојде во контакт со дигоксинот во апчињата, може да предизвика неправилна работа на срцето, па дури и срцев удар. Го има во разни бонбони, чоколади и во пивото, заради квасецот.
Апчиња против лошиот холестерол
Внимателно со: цитрусно овошје
Цитрусните овошја ја зголемуваат апсорпцијата на лековите, што може да предизвика предозирање и појава на несакани ефекти.
Апчиња за разредување на крвта
Внимателно со: храна која го забрзува протокот на крвта и храна богата со витамин К
Доколку пиете апчиња како Варфарин задолжително намалете го внесот на брусници, лук, ѓумбир, куркума, цимет и лута храна која го забрзува протокот на крвта, бидејќи може да предизвика крварење. Исто така, намалете и со витаминот К, односно спанаќот, зелката и брокулите.
Апчиња за регулирање на работата на тироидната жлезда
Внимателно со: соја, јаткасти плодови, влакна
Овој тип на храна го блокира апсорбирањето на терапијата.
Апчиња против болка
Внимателно со: газирани сокови со шеќер
Јаглеродната киселина која ја има во газираните сокови ја зголемува апсорпцијата и концентрацијата на лекот во крвта, па во овој случај невозможно е да ја контролирате дозата, заради што може да се случи токсичен ефект кој примарно ќе ги нападне бубрезите.
Антидепресиви
Внимателно со: тирамин
Во апчињата против депресија има инхибитори на моноамин оксидаза, кои во комбинација со тираминот може да го зголемат притисокот со критична точна. Самиот тирамин е аминокиселина која ја има во храната богата со протеини. Односно, намалете со сирењата и кашкавалите, чаденото месо и риба, сувомеснатото и рибата од конзерва.
М. Д. | Црнобело