Промени во навиките кои значително ќе ви го просветлат денот

Сократ еднаш рекол: „Душата, исто како телото, ги прифаќа сите навики преку практичните искуства.“ Вие сте она во што ја вложувате својата енергија.

promeni-vo-navikite-koi-znachitelno-e-vi-go-prosvetlat-denot-1.jpg

Доколку се фокусирате на тоа да развиете добри дневни навики, тоа може да ви го исполни животот и да го направи попозитивен. 

За да си го направите посреќно секојдневието, обидете се да се придржувате до следниве навики:

Пијте многу вода

Според советите на експертите за добро здравје, пиењето на млака вода со лимон во утринските часови, го буди метаболизмот. Колку повеќе пиете вода во текот на денот, толку повеќе ќе бидете исполнети со енергија.

Медитирајте

Медитацијата ги смирува вашите нерви, го намалува крвниот притисок и го стимулира вашиот мозок. Доколку поминувате низ стресен период на работа или имате бурна недела, одвојте си 10 минути од денот за себе и одморете ги мислите.

Испланирајте го денот

Останете организирани, тоа ќе ви помогне да се справите со стресот при дневната рутина.. Ова е одличен начин за да се придржувате до распоредот, а истовремено да ги насочите своите цели кон иднината.

Вежбајте

Физичката активност не само што согорува калории, туку таа ви помага и да одржите ведрина во расположението. Доколку немате доволно слободно време, патот од работа до дома поминувајте го пешки - тоа ќе биде одлична прилика да си ги ослободите мислите, а истовремено и физички да се активирате.

Смејте се

Некои денови се случува да се разбудиме на „лева нога“, но не дозволувајте утринското расположение да ви го диктира денот. Напротив, наместо да и потпаднете на утринската депресивност, насмејте се. Насмевката не само што ќе го разубави вашиот ден, таа истовремено ќе и даде една доза на позитива и на околината која ве опкружува.

Изгасете го светлото

Наместо да си ги оптоварувате очите гледајќи во мобилен, таблет или лаптоп, пред да заспиете изгасете го светлото. Темнината ќе ви помогне да си ги средите мислите и полесно да заспиете.  

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg