Сега кога затопли, зошто повеќе боли глава?

Сè почесто ве боли глава, а не знаете како да си помогнете? Постојат неколку работи за кои најверојатно не сте свесни, а предизвикуваат главоболка.

sega-koga-zatopli-zoshto-povekje-boli-glava-01.jpg

5 најчести причини за појава на главоболка и како да ги излечите:

1. Стрес

Многу истражувања покажуваат дека секоја личност во одреден период е изложена на притисок, најчесто оној работниот, заради кој може да се појави и главоболка. Прашање е колку долго личноста може да издржи поголема количина на стресни ситуации и главоболка.

Ако не можете да издржите, тогаш секако дека постои опција да посегнете по лековите кои ќе ви помогнат да се ослободите од главоболките.

2. Навики во исхраната

Една од најчестите причини за главоболка е тоа што не внесувате доволно вода во организмот. Добро знаете дека треба да внесете 2 литри, но колку често го правите тоа? Ако не можете да се навикнете да внесувате вода, барем внимавајте на количината на кафе која ја пиете.

3. Просторот каде го поминувате поголемиот дел од денот

Дизајнерите на ентериерот, ама и психолозите ќе се согласат. Бојата многу влијае на личноста. Некои бои можат да предизвикаат појава на висок крвен притисок, а со тоа и главоболка. На пример, црвената боја. Ако наутро се будите со главоболка, можеби е време да заборавите на омилените црвени завеси.

4. Промена на времето

Ризикот од главоболка на лето се зголемува за 8 проценти, односно попрецизно, секое зголемување на температурата за 5 степени целзиусови резултира со 8% поголема шанса да имате главоболка. Но, и кога се менува времето можете да си помогнете.

5. Сонот за време на годишниот одмор

Сите празници и одмори значат менување на дисциплината со сонот, а тоа исто така, може да доведе до појава на главоболки. Најдобро е да гледате, дури и кога не сте на работа, да спиете приближно еднакво, според часови и времето кога станувате, како и кога сте на работа.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg