Како да си ги заштитите очите кога цел ден седите пред компјутер?

На сите ни се случило да имаме ужасна болка во очите на крајот од денот кога цел ден сме седеле пред компјутер.

kako-da-si-gi-zastitite-ocite-koga-cel-den-sedite-pred-kompjuter-01.jpg

Болката во очите најчесто е проследена со главоболка и сите тие симптоми ни создаваат тешка непријатност при завршувањето на било каква работа поврзана со гледање во компјутерски екран подолго време.

Офталмолозите кажуваат дека трајна штета не може да ви се случи од седење пред компјутер, меѓутоа постојат начини како да си го олесните работењето и да си ги намалите болката и непријатноста во очите.

Потрудете се да трепкате почесто

Многу помалку трепкате кога сте фокусирани на нешто, во случајов кога гледате во компјутерскиот екран. Така, очите најчесто се сушат и до крајот на денот може да ви исушат до толку што не може тоа да се поправи, ако не ги одморите навечер преку спиење.

Потрудете се вашите очи да бидат влажни

Користете капки за очи за вашите очи да бидат навлажнети, ако поминувате подолг период пред компјутер. Ако сте во многу сува просторија, користете навлажнувач на воздухот.

Правете пауза

Додека работите направете пауза од 20 секунди и во тој период гледајте во некој поодалечен предмет. На тој начин ќе ги одморите очите и ќе трепкате почесто.

Внимавајте светлото на екранот да не биде многу силно. Гледајте светлината на екранот да не биде многу посилна од светлината во просторијата каде што работите.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg