Зошто наутро не смеете да ја пиете водата која цела вечер стоела во чаша?
Ако во текот на ноќта до вас оставате чаша со вода, па наутро ја пиете, многу грешите.
Иако обичната вода, за разлика од храната, не содржи никакви шеќери, белковини и масти, најлесна е за загадување со микроби. Токму затоа, наутро има поразличен вкус од навечер.
Водата која долго време е изложена на воздух впива малку јаглерод диоксид, а мал дел од него се претвора во јаглеродна киселина. Дополнително на тоа, во водата се таложи и прашина.
Можни последици се дијареја, грчеви и други стомачни проблеми, затоа водата пијте ја исклучиво свежа.
Уште една важна работа - водата никогаш не ја полнете во пластично шише, бидејќи голем дел од шишињата се за една употреба. Подобро е да купите стаклено шише и често да го миете.
М. Д. | Црнобело