10 причини зошто се будите во текот на ноќта и на каков проблем укажуваат?

Непроспиената ноќ не би ни претставувала проблем доколку следниот ден не сме на работа и немаме некакви обврски.

10-pricini-za-budenje-vo-tekot-na-nokjta-koi-ukazuvaat-na-nekakov-problem-01

Но, доколку често се будиме во текот на ноќта и наутро стануваме уморни, тогаш несоницата е нешто на кое навистина треба да обрнеме внимание.

Честото будење во текот на ноќта е начин на кој нашето тело сака да ни каже дека нешто не е во ред.

Ова се причините зошто тоа се случува:

1. Кашлица

Ако често ви се случува да кашлате во текот на ноќта и тоа е придружено со киселкаст или горчлив вкус во устата веројатно имате проблем со желудочната киселина и нејзино враќање низ хранопроводот. За да го решите овој проблем морате да внимавате на вашата тежина, бидејќи вишокот масни наслаги создава притисок во абдоменот и го предизвикува нејзиното враќање низ дигестивниот систем.

2. Често уринирање

Честото уринирање може да биде знак на дијабетес или миом (бениген тумор) на матката бидејќи на тој начин се создава притисок на мочниот меур. Ако не пиете многу течности, а сепак често уринирате, можеби е време за посета на лекар.

3. Недостаток на здив

Ноќната астма се карактеризира со недостаток на здив заради што доаѓа до будење во текот на ноќта. Причина за ваква астма може да бидат прашината и нечистотијата на креветот, па затоа се препорачува почесто менување на постелнината.

4. Вртоглавица

Ноќното будење со чувство на вртоглавица може да биде знак на бениген позиционен пароксизмален вертиго (BPPV). Тоа се манифестира со краткотрајни вртоглавици при вртење низ креветот или нагло кревање на главата, а причините може да бидат траума, воспаление, отосклероза...

5. Болка во грбот

Високата перница е често причина за појава на болки во долниот дел од грбот. Експертите препорачуваат дека е најдобро да се спие со една перница под главата и една под колената.

6. Главоболка

Главоболката може да биде знак на дехидрација, но доколку е честа и силна може да станува збор и за т.н. клустер главоболка. Ваквата главоболка се карактеризира со остра болка која почнува од едното око а може да трае од 30 минути до 3 часа.

7. Болки во нозете

Наглото грчење на мускулите во нозете може да биде поврзано со статините - група на лекови кои се користат за намалување на холестеролот во крвта. Можете да ги ублажите болките со топла бања пред спиење која ќе ги опушти мускулите. Исто така, важно е да пиете доволно вода, особено ако редовно вежбате. Недостатокот на магнезиум во телото, исто така, може да предизвика грчеви.

8. Глад

Гладот кој се јавува во текот на ноќта може да биде причина за често будење. Истиот се поврзува со нарушувања на сонот предизвикани од депресија или стрес.

9. Стрес или депресија

Стресот и емоционалната вознемиреност често се причина за немирен сон и прават да се разбудиме и при најмал шум. За полесно да заспиете обидете се пред легнување да се опуштите со топла купка, смешен филм или интересна книга. Исто така напијте се сок од вишна или изедете банана, кои ќе ви помогнат да имате смирен и цврст сон.

10. Жед

Ако често се будите со чувство на жед во текот на ноќта тоа може да биде знак на дијабетес. Негови дополнителни симптоми се губење на тежината, замаглен вид и често уринирање.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg