Дали витаминот Ц навистина може да ја победи настинката?
Кога ќе ги почувствувате првите симптоми на настинка, сигурно и вие посегнувате по природен витамин Ц или во облик на таблети.
Но, колку витаминот Ц ви помага? Дали е само мит кој се пренесува со генерации или навистина го подобрува здравјето и имунитетот?
Докторите велат:
„Да, витаминот Ц може да помогне во борбата со настинката, но дефинитивно не е лек. Тој помага и ја подобрува циркулацијата на местата со инфекции и бактерии и со тоа му помага на организмот полесно да се избори. Важно е да се напомене дека природните извори се секогаш подобри, бидејќи организмот подобро го прифаќа витаминот од овошјето и зеленчукот.“
Митот за витаминот Ц потекнува уште од ’60-тите и ’70-тите години од минатиот век, кога научникот Линус Паулинг тврдел дека големите количини витамин Ц наводно може да спречат да се разболете со години.
Според моменталните истражувања, дневната препорачана доза витамин Ц е 200mg, а прекумерното внесување на овој витамин може да предизвика само проблеми како мачнини, дијареја и болки во стомакот.
М. Д. | Црнобело