Трикови од бабите за олеснување на настинките и вирусите
Настинките и вирусите се нешто кое не можеме да го избегнеме особено кога температурите се навистина ниски.
Сепак, важно е колку што е можно повеќе да си го олесниме процесот на закрепнување, а со тоа и да го подобриме имунитетот.
Во времето на нашите баби, антибиотиците и другите лекови не биле толку достапни како денес, па затоа тие се лекувале на природен начин со состојките кои ги имале во домовите.
Ова се нивните совети за тоа како најлесно да се „изборите“ со настинките:
1. Топла супа
Пилешка, говедска, зеленчукова – каква и да ви се допаѓа најмногу, важно е само да е топла. Топлата супа е одлична за хидрирање на телото и отстранување на секретот.
2. Мед
Кај бактериските инфекции, како што е гнојно воспаление на грлото, морате да користите антибиотици. Меѓутоа, при настинки и вируси, медот може да биде ваш главен сојузник во лекувањето на болното грло и смирувањето на кашлицата.
3. Испирање со солена вода
Честопати се случува кога сме настинати да почувствуваме како грлото ни се суши многу почесто. Токму затоаа му е потребна дополнителна хидрација, а тоа најдобро можете да го направите со солена вода.
Во 3 dcl вода растворете една лажичка сол, направете гаргара и веднаш ќе почувствувате олеснување. Солта ќе им помогне на течностите да навлезат во ткивата и да се задржат таму.
4. Чај од нане
Мукозата која ни се насобира во носот и грлото во текот на ноќта често ја голтаме, па се случува наутро да се разбудиме со чувство на мачнина во желудникот. Од овие мачнини најлесно ќе се ослободите со редовно пиење на чај од нане.
Покрај тоа што нането е одлично за смирување на надразнетоста на дигестивниот систем, тоа ќе ви помогне и да се ослободите од болните грчеви во стомакот.
5. Спиење на повисока перница
Спиењето на „рамно“ кога сте настинати не е воопшто пријатно. Токму затоа, доколку се будите во текот на ноќта заради тешкото дишење, потпрете ја главата на перници, за да се намали притисокот на синусите и да го олесните дишењето.
М. С. | Црнобело