Златни правила со кои ќе си го подобрите здравјето оваа година
Секој нов ден носи нови истражувања и веќе не знаеме кому да веруваме, но факт е дека некои утврдени ставови во врска со здравјето од пред неколку декади се променети.
Денес со сигурност може да потврдиме дека шеќерите, а не добрите масти, се главните виновници за зголемување на телесната тежина.
Па еве ги 10-те нови златни правила со кои ќе му направите услуга на вашето здравје:
Јадете повеќе маснотии
Веќе споменавме, здравите маснотии како оние во маслиновото масло, авокадото и лососот се добри и пожелни. Тие не само што ја подобруваат општата крвна слика, туку значително влијаат на намалување на килограмите, без да ве огладнат.
Најдете начин да се самоизразите
На некои луѓе искажувањето на сопствените чувства им оди потешко отколку на други. Затоа пронајдете свој издувен вентил, излејте ги чувствата наместо да ги закопувате длабоко во себе. Тоа може да биде преку некоја физичка активност, пишување поезија или пак дневник.
Забавувајте се без алкохол
Доколку сте од оние кои тврдат дека без алкохол нема добра забава, поставете си предизвик и оваа година обидете се да уживате и да се забавувате со безалкохолни пијалаци или барем со минимална количина алкохол, многу помалку од онаа која вообичаено ја консумирате.
Употребувајте природна козметика
Навистина вреди да се инвестира во квалитетна крема за лице или шампон за коса, макар чинеле 3 пати повеќе од стандардните. Ваквите инвестиции ќе се исплатат многу повеќе, отколку цел несесер преполн евтина и непотребна козметика. На крајот на краиштата, што ви вреди целата таа здрава храна, кога не се грижите подеднакво добро и за надворешниот изглед?
Дадете ѝ конечно шанса на јогата
Игнорирајте ја првата инстинктивна мисла „Ова не е за мене“. Наместо тоа, сфатете дека и за јогата како и за секоја друга работа во животот е потребно време, внимание и посветеност. Кога ќе почнете да ги уживате бројните придобивки од јогата како активност, ќе ја забележите огромната позитивна промена во животот.
Наместо овошно, префрлете се на зеленчуково смуди
Овошјето е здраво, но во зависност од видот и количината. Поголемиот дел се преполни шеќери, навистина природни, но дури и тие влијаат врз зголемување на нивото на шеќер во крвта. Оваа година дадете им предност на зеленчуковите смуди мешавини, особено оние кои содржат зелен зеленчук.
Нанесете природен мед на чисто лице
Скептични сте, нели? Ви изгледа лепливо за употреба и кошмарно за отстранување од лицето. Но, медот е природен и лесно достапен. Нанесете подебел слој на исчистено лице и воспаленијата ќе се смират, акните ќе започнат да се повлекуваат, а кожата ќе биде нахранета.
Медот отстранете го со памучни дискови натопени во малку кокосово или кое и да било друго природно масло.
Одберете физичка активност која нема да ве измачува
Констатацијата дека мора да патите за да постигнете ефект и добри резултати е веќе во минатото. Физичката активност треба да ви претставува задоволство, нешто во кое ќе уживате, а не напоред тренинг поради кој самата помисла на него ве тера на повраќање.
Не следете ги слепо новите трендови на вежбање, пронајдете некој кој ви одговара и ве прави пред сè задоволни и среќни.
Не срамете се да побарате стручна помош
Страдате од депресија, несоница или анксиозност? Време е храбро да се соочите со проблемот и да го споделите со другите. Нема никаков срам во барањето стручна помош, бидејќи штетата од криењето на вакви сериозни нешта е непоправлива за здравјето.
Јадете правилно за подобар сон
Добриот сон е можеби клучот за целокупно подобро здравје. Прејадувањето непосредно пред спиењето ја отежнува работата на желудникот, поради пролонгираното варење на храната, па неминовно ќе страдате од тегоби и несоница.
Празниот желудник исто така не гарантира мирен сон. Затоа, не бришете ја целосно храната пред спиење. Изберете лесни паметни оброци, како зелена салата, шака бадеми или топло чајче од камилица и маточина за смирување и уживајте во добриот сон.
(О)Милена | Црнобело