6 работи кои можете да ги додадете во водата за подобро варење на храната
Вишокот на килограми честопати не е поврзан само со храната која ја внесуваме, туку и со способноста на нашиот организам правилно да ја разложи.
Многу луѓе и покрај тоа што водат сметка за својата исхрана постојано се соочуваат со проблеми со тежината, пред сè, заради бавното варење на храната во организмот.
Спроведувајќи голем број истражувања, научниците дошле до заклучок дека постојат одредени видови храна која го стимулира дигестивниот систем подобро и побрзо да работи.
Тоа се различни видови овошје и зеленчук кои додадени во водата што ја пиете ќе ви помогнат да го подобрите варењето на храната, а со тоа и намалувањето на килограмите.
Следните 6 состојки се нешто кое постојано ви е на дофат на рака:
1. Лимон или лимета
Изобилувајќи со витамин Ц, водата со лимон или лимета значително помага во создавањето ензими потребни за разградување на храната. Исцедете сокот или додадете тенки парчиња во водата која ја пиете и проблемите со варењето ќе исчезнат.
2. Јаболков оцет
Додавањето на 2-3 лажици јаболков оцет во водата која ја пиете ќе ги исфрли токсините од вашето тело, ќе го подобри варењето и ќе го забрза вашиот метаболизам. Исто така е корисен и во одржувањето на правилната рН вредност на телото.
3. Свежо нане
Листовите свежо нане ја подобруваат функцијата на плунковните жлезди и билијарниот тракт. Тие, исто така, создаваат дигестивни ензими, кои помагаат во апсорпцијата на витамините и хранливите состојки од храната. Нането е исто така одлично за решавање на проблемите како болки или непријатност во стомакот.
4. Краставица
Краставиците содржат голема количина на влакна и вода, што помага за полесно варење на храната и нејзино движење низ цревата. Додадете половина краставица исечкана на тенки парченца во водата која ја пиете и за кратко време ќе забележите позитивни резултати.
5. Цимет
Едно стаче цимет додадено во водата која ја пиете не само што ќе и даде убав и пријатен вкус туку и ќе ви помогне за правилно варење на храната. Циметот е исто така корисен бидејќи има антибактериско дејство и е корисен при лекувањето на инфекциите во гастроинтестиналниот тракт.
6. Корен од ѓумбир
Познат е како одличен лек за грчеви, мачнини, надуеност и лошо варење на храната. Исечкајте го на малечки парченца, ставете го во вода и оставете да отстои преку ноќ.
М. С. | Црнобело