Дали е соодветна перницата на која спиете?

Од најразлични микроорганизми до мртви клетки од вашата кожа, сето тоа можете да го најдете на вашата перница доколку ја ставите под микроскоп.

dali-e-soodvetna-pernicata-na-koja-spiete-001.fw.jpg

Сите сме свесни колкаво е значењето на добриот и квалитетен сон, а удобната и соодветна перница игра огромна улога во тоа.

Неудобните перници се главен виновник за вкочанетиот врат и болките во грбот секое  утро штом се разбудите.

Всушност болките во вратот често се поврзуваат со проблеми како: главоболка, гадење, вртоглавица, анксиозност, депресија и постојано чувство на замореност.

Според едно истражување од произведувачот на перници „Ergoflex“ 82% од луѓето не знаат колку често треба да се се менува перницата.

Мајкл Брејс, клинички психолог, објаснува дека доколку имате перница од полиестер истата би требало да ја менувате на секои 6 месеци, додека пак перниците од мемори пена може да траат од 18 до 36 месеци.

Перницата не треба да биде ниту премногу висока ниту премногу ниска.

dali-e-soodvetna-pernicata-na-koja-spiete-02.jpg

Високата перница ги тера мускулите на вашиот врат постојано да бидат истегнати и на тој начин предизвикува искривување на ’рбетот.

Луѓето кои спијат на страна често се приморани да ја подигнат едната нога напред (речиси од агол од 90 степени со телото) како би ги намалиле болките во долниот дел на грбот.

Доколку пак вашата перница е премногу ниска, тоа ќе предизвика вашите мускули да пропаднат во перницата, што исто така предизвикува болка во вратот и вкочанетост.

Според едно истражување, перниците од латекс се најдобриот избор за спиење, додека перниците од пердуви многу повеќе предизвикуваат болки во вратот.

За да дознаете дали е време за нова направете го следното: превиткајте ја перницата на пола и пуштете ја, доколку се врати во првобитната состојба значи е во ред.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg