Гинеколозите предупредуваат: Шест менструални проблеми кои не смеете да ги игнорирате

Секоја жена треба да биде свесна дека не смее да ги игнорира симптомите на нередовен менструален циклус.

Ginekolozite-predupreduvaat-sest-menstrualni-problemi-koi-ne-smeete-da-gi-ignorirate-01

Прескокнатиот циклус, намаленото или обилното крвавење можат да бидат знаци за некој посериозен проблем.

Обрнете внимание на следните шест симптоми. Ако досега ги игнориравте време е да сфатите што тие навистина значат и што поскоро да го посетите вашиот гинеколог.

1. Ненадејни и интензивни грчеви

Ако имате грчеви кои ви предизвикуваат неподнослива болка, можеби патите од ендометриоза. Ендометриозата е состојба во која клетките кои растат внатре во матката почнуваат да растат и од надворешните страни на матката, што предизвикува ненормална болка. Симптомите можат да се јават било кога, а повеќето жени на кои им е дијагностицирана оваа состојба имаат историја на болни менструации уште од младите денови.

2. Изостанок на менструален циклус

Ако две и повеќе менструации изостанат тоа може да биде причина за сомнеж за некој од следните проблеми: хормонален дисбаланс, проблеми со тироидната жлезда, прерана менопауза, стрес, претерано вежбање или диети.

3. Обилно крварење

Ако користите пилули како средство за контрацепција, обилното крвавење меѓу циклусите е нормално. Сепак не е лошо да посетите лекар. Ваквото обилно крвавење може да значи дека имате цисти на јајниците и присуството на канцерогените клетки.

4. Неподносливи симптоми на ПМС

Доколку чувствувате неконтролирана желба за храна, анксиозност, депресија, промени на расположението, бес и губење контрола над сопственото однесување можно е да страдате од предменструално дисфорично нарушување. Оваа состојба е многу полоша од класичниот ПМС.

5. Крвавење или циклус кој трае повеќе од десет дена

Ако ја менувате влошката на секој час тоа значи дека имате прекумерно крвавење. Ова може да биде знак за многу проблеми како фиброиди кои можат да предизвикаат анемија.

6. „Полудени“ хормони

Ако патите од астма и голема е веројатноста да се чувствувате лошо една недела пред циклусот. Предменструалната магнификација е феномен според кој состојбите како дијабетес, депресија и артритис се влошуваат во текот на менструацијата. Разговарајте со својот доктор за лековите кои би требало да ги пиете пред циклусот, а кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg