5 работи кои треба да ги знаете за вашата крвна група

Не сите луѓе сериозно ја сфаќаат важноста на крвната група и како таа влијае на начинот на кој живееме, па ако и вие сте едни од нив, подобро е побрзо да ги научите основните работи за крвната група на која припаѓате.

5-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-vasata-krvna-grupa-1.jpg

Ова се клучните 5 кои мора да ги знаете:

1. Крвната група има влијание на тоа што треба, а што не треба да јадете

Луѓето со крвна група О имаат проблеми со варењето на храната и стомакот, па затоа потреба им е исхрана богата со протеини.

Луѓето со крвна група А имаат чувствителен имунолошки систем, па треба да јадат многу цитрусни овошја, брокула, спанаќ и лук.

Луѓето со крвна група Б произведуваат поголемо ниво на кортизол (хормон за стрес), па треба да избегнуваат нездрави масти, масла и алкохол.

На луѓето со АБ крвна група пак, им недостасува желудочна киселина. Затоа треба почесто да консумираат јаболков оцет и продукти кои го регулираат варењето на храната.

2. Крвната група ви го одредува карактерот

Науката докажала дека луѓето со крвна група А се љубезни и пожртвувани личности, додека оние со крвна група Б се отворени, пријателски настроени и емотивно флексибилни.

Луѓето со АБ крвна група обично се рационални, силни и често загрижени, додека оние со крвна група О си ја сакаат индивидуалноста, практични се и организирани.

3. Крвната група влијае на плодноста

Жените со крвна група О се најмалку плодни, покажуваат повеќе истражувања.

4. Стресот исто така е поврзан со крвната група

Односно, луѓето со крвна група А се склони на поголемо ниво на стрес од просечното.

5. Крвната група влијае на дебелеењето во пределот на стомакот

Луѓето со крвна група А побрзо реагираат на нездравиот начин на исхрана, односно склони се на дебелеење во пределот на стомакот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg