Знаци кои покажуваат дека вашето тело не поднесува глутен

Глутенот е протеин што се наоѓа во пченицата, ‘ржта и јачменот и сè почесто се поврзува со низа здравствени проблеми кои се појавуваат како резултат на неговото прекумерно консумирање.

Znaci-koi-pokazuvaat-deka-vaseto-telo-ne-podnesuva-gluten-01

Бидејќи се смета за „модерна“ болест, која сè уште е многу тешко да се дијагностицира, голем број од луѓето кои имаат нетолерантност на глутенот или целијакија немаат соодветна дијагноза и постојано имаат проблеми со здравјето.

Нетолеранцијата на глутен се одразува преку оштетување на слузницата на ѕидовите од тенкото црево, што доведува до недоволна апсорпција на хранливите материи од храната. Штом глутенот се исфрли од исхраната, ѕидовите на цревата повторно се обновуваат. Токму затоа, луѓето кои го имаат овој проблем треба да водат повеќе сметка за храната која ја внесуваат.

Доколку кај себе сте ги забележале некои од следните знаци голема е веројатноста вашиот организам да има ниска толеранција на глутен:

1. Дигестивни проблеми, како на пример, гасови, надуеност, дијареја или тврда столица. Тврдата столица особено се јавува кај деца веднаш по внесувањето на глутен.

2. Keratosis Pilaris или подобро познато како „пилешка кожа“ на задниот дел од вашите раце. Ова настанува како резултат на недостаток од маснотии и витаминот А што пак е резултат на лошата обработка на хранливите материи во вашите црева кои биле оштетени од глутенот.

3. Замор, нејасно размислување или чувство на умор по јадење храна која содржи глутен.

4. Дијагноза на автоимуна болест како проблеми со тироидната жлезда, ревматоиден артритис, улцерозен колитис, системски лупус еритематозус, псоријаза, склеродерма или мултиплекс склероза.

5. Невролошки симптоми, како на пример, вртоглавица или чувство на губење рамнотежа.

6. Хормонален дисбаланс, како на пример, ПМС, полицистични јајници или необјаснива неплодност.

7. Мигрени.

8. Дијагноза на хроничен замор или фибромијалгија. Овие дијагнози укажуваат на фактот дека вашиот доктор не можел точно да ја определи причината на вашиот замор или болка.

9. Воспаление, отекување или болка во зглобовите кај прстите, колената или колковите.

10. Психолошки нарушувања, како на пример, анксиозност, депресија, промена на расположението или проблеми во одржување на вниманието и хиперактивност.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg