„Здрави“ правила за исхрана на кои треба да заборавиме
Многумина од нас се убедени дека некоја храна се смета за штетна и ја заменуваат со „здрави“ производи кои во некои случаи знаат да бидат далеку поштетни.
Да провериме, кои „штетни“ производи не вреди да ги заменувате со „здрави“?
1. Сокот од јаболко е поздрав од Coca-Cola
Сокот од јаболко на многумина им се чини како поздрава алтернатива, но реалноста е дека има повеќе шеќери и калории.
2. Свежиот зеленчук е секогаш подобар од варениот
Ова не е секогаш точно. Во некои случаи варениот зеленчук може да содржи многу повеќе антиоксиданси кои помагаат да се ослободите од токсините во телото.
3. Шеќерот се заменува со мед
Ако мерите калории, тогаш медот содржи многу повеќе од шеќерот и нема да ви помогне да ослабете, но она што го прави подобар е тоа што содржи повеќе витамини и минерали. Важно е само да го консумирате во помали количини.
4. Сувото овошје е одлична ужина
Реалноста е дека сувото, за разлика од свежото овошје има далеку помалку витамини и тоа не го прави здрава замена.
5. Пуканките не се здрави
Всушност пуканките имаат далеку повеќе антиоксиданси, познати како полифеноли, од едно јаболко. Па консумирањето шолја пуканки не е лоша и нездрава навика.
6. Кашкавалот е непријател број еден при слабеење
Многу диети велат дека сирењата и кашкавалите треба да ги избегнувате по секоја цена, но реалноста е дека содржат многу поголеми количини на калциум од млекото, па добро е да ги консумирате во умерени количини.
7. Алкохолот, без разлика на количината, е штетен
Еден од митовите е дека треба целосно да се откажете од алкохолот ако сакате да слабеете, но виното содржи корисни антиоксиданси кои можат да ви помогнат да бидете здрави и полесно да се ослободите од токсините во телото, повеќе и од свежо цедените сокови. Но, треба да се држите до праивилото една чаша на ден.
8. Останатите масла се поздрави од обичното сончогледово
Да, но само ако ги не ги употребувате при пржење. Некои од нив не трпат висока температура и започнуваат да горат и да ги губат сите корисни материи.
9. Храната која содржи помалку масти е поздрава
Кога држите диета обично гледате дали има назнака „low-fat“, но таа назнака не значи и дека се храните поздраво. Напротив оние производи кои содржат нормални количини на масти содржат и повеќе витамини и минерали.
Н. Г. | Црнобело