Зошто некои луѓе имаат дупчиња на образите?
Дупчињата на лицето инстантно ги прават луѓето поатрактивни и шармантни, но никој не знае зошто и како всушност настануваат.
Дупчињата се видливи вдлабнатини на кожата на лицето, најчесто на образите или брадата, и се појавуваат привремено додека лицето се смее или зборува.
Тие обично се првата работа која ја забележуваме кај личноста која ги има.
Но, дали ја знаете другата страна на приказната?
Дупчињата на лицето настануваат заради генетско пореметување. Недоволно развиениот мускул доведува до вакво деформирање на образите или брадата, кое најчесто се јавува уште во првите фази на развојот на бебето.
Овој симбол за убавина настанува кога поткожното сврзно ткиво не е правилно формирано за време на развојот на ембрионот.
Некои деца и млади имаат дупчиња кои во староста исчезнуваат, па затоа дупчињата се сметаат и за симбол на младоста.
Тие не се опасни по здравјето, но може да бидат предупредување за лошо здравје ако се појават на лицето кое е полно со масни наслаги. Но, овие дупчиња не се трајни, туку се губат кога масните наслаги ќе се стопат.
Потребен е само еден ген за да ги наследите. Но, тоа не значи дека ако еден од вашите родители ги има, тогаш ќе ги имате вие 100%. Во тој случај имате 25-50% шанси да ги наследите.
Дури и ако двајцата родители ги имаат, сепак шансите за нивно наследување се движат од 50-100%.
М. Д. | Црнобело