4 типови на храна кои не смеете да ги јадете кога надвор е топло
Може да се каже дека постојат летни и зимски производи, односно некои работи најдобро е да се консумираат само во зима, а некои на лето, пред се бидејќи некои работи организмот не може да ги издржи на премногу топло или ладно време.
Токму затоа, ако сакате да го зачувате вашето здравје на високите температури, потребно е да избегнувате неколку типови на храна:
1. Храна која лесно се расипува
Ова е веќе добро познато, дека храната која многу бргу се расипува на висока температура, не смее да се консумира.
Овдека влегуваат производите како јајца, месо, млеко и различни сосови.
Ако сепак се одлучите да консумирате ваква храна, бидете подготвени и за труење, бидејќи овој тип на храна е подложен на брз развој на бактерии.
2. Храна која е тешка за варење
Секој тип на храна кој бара лачење на желудочни сокови и повеќе енергија при варењето, во текот на летниот период може да биде опасна.
На високите температури треба да го чувате вашиот организам и не е добро да го исцрпувате.
Во храна која тешко се вари влегуваат сите типови на зачинета и лута храна, пржена храна, црвено месо и тесто.
3. Храна која дополнително го дехидрира организмот
Постојат производи кои делуваат диуретски на организмот, односно ја исфрлаат водата од него.
Жештината сама по себе го дехидрира телото, па не е добро дополнително да го дехидрирате со храна која ја исфрла водата од вас.
Во оваа група влегуваат соковите, кафето, алкохолот, солената и брзата храна.
4. Производи кои предизвикуваат алергија
Поголемиот дел од луѓето имаат алергиски реакции на кикирики и целер.
Алергијата го црпи имуниот систем, а тоа се случува и на високите температури.
Целерот може да предизвика чувствителност на сончевите зраци и да предизвика општа кожна иритација.
Истото важи и за кикириките.
Покрај нив, целерот е производ кој предизвикува најголема алергиска реакција, а ни неговото готвење не помага.
Н. Г. | Црнобело