9 домашни лекови како да се ослободите од темните кругови под очите
Темните кругови под очите се проблем кој ни е познат речиси на сите. Постојат огромен број причини зошто тие се појавуваат, но и голем број начини како да се ослободите од нив на сосема природен начин.
Здравиот начин на исхрана, доволната количина на сон, но и користењето на природни маски за лице ќе ви помогнат да се ослободите од овој проблем и да го спречите неговото појавување.
Следните 9 домашни лекови ќе ви помогнат да изгледате свежо и убаво без да употребувате скапи козметички средства или третмани.
Сепак, запомнете дека е важно да бидете упорни и да го повторувате третманот секој ден, најмалку една недела за да забележите позитивни резултати.
Тоник од рози
- листови од 1 рози
- 1 чаша жешка вода
Налејте ја водата врз листовите од роза и оставете да се излади. Изладената смеса процедете ја и во неа натопете памукчиња кои ќе оставите да стојат под очите 15 минути.
Бадемово масло
Нанесете 2-3 капки бадемово масло и лесно масирајте ја областа под очите секоја вечер пред спиење. За една недела веќе ќе забележите подобрување и позитивни резултати.
Сок од компири
Компирите се богати со витамин Ц и компоненти за избелување. Изрендајте еден компир и исцедете го сокот од него. Натопете памукчиња во сокот и ставете ги врз очите, оставајќи да стојат 10 минути. Потоа измијте го лицето.
Краставица
Краставицата содржи голема количина антиоксиданси и природни средства за избелување. Исечете тенки кругови краставица и ставете ги во фрижидер околу 30 минути. Така изладени ставете ги врз проблематичните области и оставете да делуваат 10-15 минути.
Зелен или црн чај
Направете чаша зелен или црн чај, почекајте да се излади, а потоа натопете памукчиња и нанесете ги на очите. Или направете го истото со кесичките чај. Оставете лекот да дејствува 10-15 минути и потоа измијте се со вода.
Маска од леб и млеко
Направете густа смеса од млеко и леб. Нанесете ја смесата, но внимавајте слојот да не биде премногу тенок. Оставете да делува 10-15 минути, а потоа отстранете ја.
Сок од домати
Доматите содржат ликопен, антиоксиданс кој ги зајакнува капиларните ѕидови. Нанесете сок од домати на проблематичните места и оставете да дејствува 10 минути. По третманот измијте го лицето со ладна вода.
Масажа и вежби
Масажата не само што ќе ви помогне да се ослободите од темните кругови, туку е корисна и за видот. Со помош на показалците лесно масирајте ја областа под очите 2-3 минути. Движете се од слепоочниците кон носната ’рскавица по целата должина на долниот капак. По масажата пожелно е да нанесете крема за лице.
Кога се вежбите во прашање, потребно е да ги затворите очите и да ги поставите показалците на надворешните агли од очите за да избегнете создавање брчки. Цврсто затворете ги очите околу 6 секунди, а потоа опуштете ги очните капаци. Повторувајте ја постапката најмалку 10 пати.
Хербални коцки мраз
- листови жалфија
- цветови од камилица и синчец
- магдонос (свеж или сушен)
Во 200 ml жешка вода ставете по една лажица од секое растение и оставете да отстои околу 2 часа. Потоа истурете ја течноста во калап за коцки мраз и оставете да замрзне. Секое утро масирајте ја областа околу очите со една коцка мраз околу 30 секунди.
М. С. | Црнобело