Како да ја подготвите вашата ПАТНА АПТЕКА за безгрижен летен одмор?

Цела година го исчекуваме годишниот одмор. И токму кога ќе се упатиме кон посакуваната дестинација, одморот може да се претвори во вистинска ноќна мора затоа што не сме навикнати на целодневно сонце, плажа, инсекти, поинаква исхрана и поинакви хигиенски стандарди.

kako-da-ja-podgotvite-vasata-patna-apteka-za-bezgrizen-leten-odmor-1.jpg

Статистиката говори дека секој човек, на годишен одмор, просечно е болен два до два и пол дена. Затоа, многу е важно добро да се подготвиме пред патувањето и да понесеме: лекови, медицински заштитни материјали и медицинска козметика.

Патување: задолжително понесете пробиотици комбинирани со цинк и витамин б6 (прочитајте повеќе на www.probalans.mk) и/или комбинација од пробиотици и ОРС (прочитајте повеќе на www.diarino.hr)  и лекови за намалување на зголемена телесна температура

Промената на климатските услови, храна, вода, кревет, честопати може да предизвикаат бројни нарушувања на дигестивниот систем: стомачни тегоби и мачнина од патување, пролив, запек, повраќање, дехидратација и покачена телесна температура.

Препорачуваме да се избегнуваат патувања во најтоплиот дел од денот и секогаш да имате доволни количини свежа вода и добро измиено овошје.


Сонце, вода, плажа...
: задолжително понесете крема за заштита од сонце, крема за после сончање, средства против алергии и креми за сончеви изгореници

Пристигнувањето на плажа и море значи радост и игра, но тоа значи и часови поминати на сонце и контакт со различни иритативни агенси (солена вода, специфични бактерии на плажата, медузи) кои може да предизвикаат: Сончеви изгореници и Алергии.

Препорачуваме да не се изложувате на сончеви зраци од 10 часот наутро се до 17 часот попладне, а кога и да излегувате на сонце, заштитете ја кожата со тоа што ќе ја намачкате со средства со заштитен фактор половина час пред изложување. Нанесувајте крема секогаш кога сметате дека е измиена од вашето тело. Откако ќе заврши денот поминат на плажа, секогаш користете средство наменето за по сончање.


Инсекти: задолжително понесете: средство против инсекти (комарци) и средство за ублажување на болки од убоди од инсекти или медузи

 Комарците, осите и медузите, честопати се неизбежен „сопатник“ на одморот и важно е да имаме прва помош во случај на проблеми со нив.


Повреди:
задолжително понесете: средство за дезинфекција на рани, крема за ублажување на спортски повреди, средство против болки, фластери, завој, ханзапласт

Летото е синоним за игра и постојано движење, а тоа на отворен простор знае да донесе и повреди (исеченици, исчашени зглобови). Затоа, не заборавајте ги средствата за дезинфекција, завоите, газите, водоотпорните фластери, антибиотски прашак или спреј  и слично.

Што треба да содржи вашата патна аптека?

1) Прва помош за проблеми при патувања

  • средство за смирување на стомачни тегоби и мачнина од патување (пробиотици)- прочитајте повеќе на www.probalans.mk
  • средство против пролив/запек, повраќање (пробиотици + ОРС)- прочитајте повеќе на www.diarino.hr
  • лекови за намалување на зголемена телесна температура (антипиретици)
  • топломер

2) Прва помош за проблеми со изложеноста на сонце

  • крема за заштита од сонце и крема за после сончање
  • средства против алергии
  • крема против изгореници од сонце

3) Прва помош за проблеми со инсекти и др.:

  • средство против инсекти (комарци)
  • крема за ублажување на болка од убоди од инсекти или медузи
  • средство за дезинфекција на рани (алкохол, јод)
  • пинцета

 4) Прва помош при повреди

  • средство против болки (аналгетици)
  • фластери
  • завој
  • ханзапласт

M-р по фармација Филип Ачкоски

kako-da-ja-podgotvite-vasata-patna-apteka-za-bezgrizen-leten-odmor-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg