Мерки на превенција: Како да избегнете каснувања од комарци?
Сигурни сме дека веќе имате каснувања од комарци и едвај чекате да прочитате како да се ослободите од нив.
Комарците ги полагаат своите јајца на водени површини, кои се погодни за развој на ларви.
Доколку водата стои во нешто подолго од 7 дена, од неа сигурно ќе излета нов комарец.
А, начинот за да го спречиме нивниот број е превенцијата на развој на ларви:
Почнете така што ќе го средите дворот
Отстранете ги предметите во кои се собира вода.
Уредете ги запуштените зелени средини.
Редовно празнете ги септичките јами.
Ставeте мрежа на садовите со вода.
Менувајте ја водата во саксиите.
Други мерки на превенција
Избегнувајте вечера и појадок на отворено (особено покрај стоена вода или во шума).
Задолжително нанесувајте заштита на изложените делови од телото, бидејќи тоа се регистрирани препарати кои не можат да му наштетат на вашето здравје – можат само да ви помогнат.
С. С. | Црнобело