6 совети за да го одржите здравјето на очите

Нашите очи секојдневно ги напнуваме како што го правиме тоа и со другите органи, но ретко кога тоа го забележуваме.

6-soveti-za-da-go-odrzite-zdravjeto-na-ocite-01.jpg

Токму затоа, ви предлагаме да запомните неколку совети и да го зачувате добриот вид:

1. Запомнете го правилото 3х20

Одморајте ги очите за да не ги напрегнувате премногу. Ако поминувате долго време во гледање на екран од компјутерот или мобилниот телефон, запомнете го правилото на британските доктори - На секои 20 минути гледајте на оддалеченост од (20 фити) 6 метри во траење од 20 секунди

2. Посетете офталмолог

Важен дел од очниот преглед е ширењето на зениците. Тоа е единствен начин во рана фаза да се дијагностицира било каква промена на видот, па и болести како глауком  или дегенерација на макулата.

3. Носете само квалитетни очила за сонце

Како што внимателно ја одбирате заштитната крема за кожата од сонцето, така треба да ги одбирате и очилата за сонце. Побарајте очила кои блокираат 99 до 100% од штетните UVA и UVB зрачења.

4. Спречете ги летните инфекции

Ако носите леќи, во топлите месеци посебно треба да внимавате на хигиената за да избегнете било каква опасност од инфекции.

5. Заборавете на цигарите

Веројатно воопшто не сте размислувале на тоа како чадот од цигарите може да влијае на здравјето на очите, но истражувањата велат дека истиот ја зголемува можноста за добивање на катаракта и оштетување на очниот нерв.

6. Контролирајте ја тежината

На видот се одразува и претераната дебелина. Вишокот килограми се сигурен пат до развивање на дијабетес кој може да ги оштети и очите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Страбизам (вкрстени очи) кај деца: Што го предизвикува и дали се третира? Најчестите причини за страбизам (вкрстени очи) кај децата се далековидост или кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg