Рогач – темно медитеранско злато за подобро здравје

Приврзаниците на здравата исхрана неретко го користат во замена за какао, поради неговиот сличен вкус, и се колнат во бројните придобивки на оваа мешунка која потекнува од Медитеранот.

rogach-temno-mediteransko-zlato-za-podobro-zdravje-0001.jpg

Рогачот е зимзелено дрво кое цвета во октомври, а своите плодови ги дава напролет. Исклучително отпорно на различни временски услови и штетници, бидејќи може да живее дури до 100 години, рогачот го добил своето име според формата на плодот (сличнo на рог).

Се одликува со природно сладок вкус и многу специфична арома и е одличен додаток во торти и колачи.

Буквално сите делови од дрвото на рогачот наоѓаат своја примена. Кората и листовите на пример, се користат за подготовка на разни сирупи и се одличен сојузник во борбата против алергии, настинки, сува кашлица или раните во устата. Семињата од рогачот пак се употребуваат како засладувачи на пијалаци или во замена за какао.

Blackstrapmolasses.jpeg

Рогачот воедно е многу здрав и хранлив, богат со диетални влакна, кои го подобруваат варењето на храната.

Доколку се подготвувате за детоксикација на организмот, задолжително вклучете го рогачот во вашата исхрана, бидејќи за него буквално се „лепат“ сите токсични материи и се исфрлаат од телото.

rogac.jpeg

Индустријата за храна денеска произведува брашно од рогач, како најдобра алтернатива за какао и чоколадо. Интересно е што ова брашно не содржи глутен, што значи дека е особено погодно за сите оние кои се нетолерантни на оваа супстанца.

mothers_children__carob_powder__600p_jpg.jpeg

Ефектите и придобивките од рогачот се многубројни. Побарајте ја уште денеска оваа здрава мешунка во продавниците за здрава храна.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Фиброаденоми (чворови на дојката) - како настануваат и како се лекуваат? Оваа грутка на градите може да порасне и до 10 сантиметри и да предизвика компли...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Како да препознаете сончаница кај децата и кога треба веднаш да се обратите на лекар? Што да правите ако вашето дете добие сончаница додека сте на плажа? Кои се симпт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg