Акни - причини за појава и како да се справите со нив

Статистиката вели дека ширум светот, 8 од 10 млади луѓе на возраст меѓу 14-24 години некогаш имале проблем со акни на лицето, грбот или градите. Збирно земено, тоа се над 80%!

Доколку било кога сте се справувале со ваквите промени, знаете колку непријатни можат да бидат. Во зависност од типот на акните, тие предизвикуваат црвенило, болка, лош изглед на кожата, лузни и, не помалку важни – стрес, посраменост и депресија.

Првиот чекор кон лекувањето на акните е информираноста и одговорот на прашањето „Зошто се појавуваат акните?“.

Acne vulgaris е состојба која најчесто се појавува на оние делови од телото во кои има најмногу лојни жлезди. Тоа го објаснува присуството на акните на лицето, грбот, градите и понекогаш горниот дел на надлактицата. Кога од лојните жлезди се создава прекумерно количество на лој – себум, а неговото излевање е блокирано од нечистотија на кожата и мртви клетки, се создава она што популарно се нарекува „црнка“ (комедон) која со тек на време се воспалува.

akni-pricini-za-pojava-i-kako-da-se-spravite-so-niv.jpg

Воспаление предизвикуваат и бактериите кои со секојдневното допирање на кожата се пренесуваат од рацете (или допир со туѓа кожа) на нашата кожа, и таму се размножуваат. Воспалението предизвикува реакција на клетки кои, во обид да ги победат бактериите, како резултат го даваат она црвенило со гноен врв кое на сите ни е добро познато (папули и пустули).

Секако, акните можат да се третираат, а лузните да се превенираат. Клучните зборови при третманот се ТРПЕНИЕ и ДИСЦИПЛИНА, бидејќи ниеден проблем не се решава преку ноќ.

При неодамнешното клиничко испитување на производите на Young Derm колекцијата за нега на млада кожа, резултатите покажале дека причина за неуспех на третманот е непридржување кон упатствата на лекарот во 30-80% од случаите. Од друга страна, пак, намалување на комедоните, папулите и пустулите  забележале испитаниците чија редовна терапија се состоела од следниве Young Derm производи:

  • Young Derm  безалкохолен тоник и Young Derm крем за интензивна нега (наутро)
  • Young Derm влажни марамчиња и Young Derm крем со масло од чајно дрво (на местото каде што е лоциран проблемот) (навечер).

Young Derm производите се решение против акни кое практично ви се на дофат на рака, бидејќи се достапни во сите аптеки и добро снабдени маркети. Со малку трпение и истрајност, овие производи се најлесниот пат до убаво и чисто лице!

Би можело да ве интересира:

Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Како да ја отстраните водата од увото без да предизвикате инфекција (и кога да одите на лекар)? Влегувањето вода во увото е честа појава, но ако не сте внимателни, можете да си...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сите во семејството само ме критикуваат, посакувам да си заминам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Фиброаденоми (чворови на дојката) - како настануваат и како се лекуваат? Оваа грутка на градите може да порасне и до 10 сантиметри и да предизвика компли...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg