Како да живеете среќен живот, по рецептот на најубавата холивудска дива - Одри Хепберн
Славната актерка Одри Хепберн, позната по големите улоги и хуманитарната работа, и понатаму останува пример за жените, кога се работи за стилот и убавината.
Водела здрав живот не само затоа што така е правилно, туку затоа што тоа ја исполнувало.
Во едно интервју објавено пред неколку години, најмладиот син на Одри, Лука Доти, го открил начинот на живот и 5-те златни правила кон кои се придржувала неговата мајка.
Токму тие правила може да ви станат насоки по кои ќе живеете посреќен живот:
1. Пијте многу вода
Инсистирала и влијаела на секој да пие многу вода. Одри така била израстена, со многу течности и овошје.
2. Јадете месо, но малку
Одри јадела месо, но во минимални количини. Дури 80% од нејзините оброци биле составени од овошје и зеленчук.
3. Не се плашете од стареењето
Таа имала здрава визија за својот живот. Воопшто не се плашела од староста. Секако, се жалела за брчките и белата коса, но барем вистински уживала во секоја година.
4. Компирот е задолжителен на вашето мени
За неа, компирот бил незаменлив дел од нејзината исхрана.
5. Уживајте во малите работи
Одри имала позитивен поглед на животот. Секогаш била таква каква што изгледала - наивна како мало дете. Секојпат кога ќе откриела нешто ново, била возбудена, баш како мало девојче. Го живеела животот со полни гради и се радувала на секој ден.
М. Д. | Црнобело