Брзи, кратки и едноставни вежби за одличен вид

Сѐ поголем е бројот на лица кои мораат да носат очила или леќи бидејќи нивниот вид е многу ослабен. Иако, генетската предиспозиција е најважниот фактор за нарушувањето на видот, сепак, многу други фактори придонесуваат за негово намалување.

brzi-kratki-i-ednostavni-vezbi-za-odlicen-vid-01.jpg

Секако, драстичната зголемена употреба на компјутери и електронски уреди кои зрачат сина светлина, е еден од значајните фактори, од кои окото не може да се заштити. Може да се каже дека нашите очи се откажуваат од нас поради неквалитетната грижа, и поради тоа често завршуваме со очила или леќи. Но, како и секој мускул на човекото тело, така и нашите очи имаат потреба од редовни вежби за да бидат одморени и на некој начин, поздрави, вели специјалист-офталмолог Викторија Филева од Систина Офталмологија..

Доктор Филева препорачува вежби кои се наменети за очите, помагаат во одмарање и подобрување на фокусирањето, а на тој начин се вежба и фузијата на очите и се зајакнуваат очните мускули.

Златно правило за рекласирање и одмор на вашите очи е 20-20-20, односно на секои 20 минути правете пауза од работата, и гледајте на оддалеченост од 20 метри во времетраење од 20 секунди.

Освен основното правило, ова се неколку едноставни вежби кои може да ги правите секојдневно:

  • Трепкање – Кога работиме пред компјутер и сме длабоко сконцентрирани, многу поретко трепкаме или „забораваме да трепкаме“ и нашите очи се сушат. Просечно една особа треба да трепне 10-14 пати во минута. Пробајте во следните 2 минути да трепкате на секои 3 – 4 секунди. Потоа не трепкајте 30 секунди, во период од 2 минути. Ја забележувате ли разликата? Кога трепкаме, нашите очи се мал период во темнина, а самото трепкање помага во влаженење на очите, го намалува напорот на очите и ја избиструва сликата.
  • Фигура 8 – оваа вежба е наметена за очните мускули и помага во зголемување на нивната флексибилност. Замислете ја фигурата 8 како се наоѓа на 10 метри пред вас. Следете ја полека фигурата, прво само на едната страна по неколку минути, и потоа на другата страна. Можеби на почетокот ќе ви делува чудно, но постепено ќе се навикнете на оваа вежба.
  • Зумирање – За оваа вежба може да го користите вашиот палец, пенкало, молив. Оддалечете го палецот и фокусирајте се на него, и полека оддалечувајте ја раката и полека приближувајте ја. Повторувајте ја оваа вежба уште три пати, еднаш неделно. На овој начин го подобрувате фокусирањето.
  • Покријте ги очите со дланките – Најпрво, истријте ги дланките една од друга за да бидат топли, и потоа ставете ги на очите. Нежно притискајте, и внимавајте, не треба да гледате светлина низ прстите. Кога ќе почнете да гледате само темнина, тогаш тргнете ги дланките. Повторете ја вежбата во рок од 3 минути или повеќе.

Ја воочивте уште веднаш разликата, нели?

Би можело да ве интересира:

Работи што треба да ги знаете за хемороидите, а за кои се срамите да прашате Помалите хемороиди поминуваат сами од себе за неколку дена, а можат да се јават ...
Фебрилни конвулзии кај деца: Кои се причините, како да ги препознаете и како да реагирате? Ако сè се прави правилно и во консултација со лекар, фебрилните конвулзии кај по...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сите во семејството само ме критикуваат, посакувам да си заминам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Рефлукс - што го предизвикува и како да го контролирате? Доколку чувствувате печење веднаш под градите и киселини повеќепати неделно, вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg