Секој ден пијам по 4 литри вода - кои се промените на моето тело?
Токму на ваков чекор се одлучил еден новинар од порталот „Thrillist”.
Задачата која си ја поставил била да пие по 4 литри вода на ден во рок од 30 дена. Секако верувал дека неговото тело ќе претрпи некакви промени, но резултатите биле нешто на кое воопшто не се надевал.
Тој решил да води дневник каде ќе ги запишува промени кои ќе му се случуваат.
Ден 1: Забавата започнува
Со оглед на тоа што не знам колку чаши вода се потребни, за 4 литри одлучив да купам пластично шише од еден литар и да испијам 4 такви.
Веќе на самиот почеток ми се чини дека ова ќе биде потешко отколку што замислував. Се обидувам да се фокусирам на пиењето вода за да ја достигнам својата квота за тој ден.
Ден 5: Мокрам на секои 20 минути
Навистина сакам да пијам вода. Моето тело, а веројатно и телото на секоја друга личност, е составено од 60% вода, но никој не пие 4 литри вода дневно. Навистина морате да се потрудите тоа да го спроведете на дело. Пијам дури и кога не сум жеден.
Но, ништо не е поразлично. Единствената промена е постојаното чувство на ситост, заради кое помалку јадам.
Плус, одам во тоалет на секои 20 минути. Сите мислат дека имам некаков проблем бидејќи постојано влегувам и излегувам од тоалет.
Ден 10: Станав... поубав?
Нешто се случува, особено наутро. Обично наутро ми е потребна шолја кафе за да ги отворам очите и да профункционирам, но сега се будам целосно свеж и полн со енергија. Тоа е убава промена. Дури и се чувствувам подобро. Можеби станува збор за плацебо ефект.
Косата ми доби сосема нов сјај, но генерално себеси се сметам за убава личност, па не сум сигурен што се случува.
Практично во секој момент, па дури и кога спијам, крај себе имам пластично шише за да ја исполнам квотата.
Ден 15: Полн сум со енергија
Дефинитивно имам повеќе енергија. Речиси не пијам кафе. Ова е голема промена бидејќи порано пиев и по три шолји дневно. Кога навечер одам да трчам, чувствувам дека сум побрз. Сонот ми е подобар. Дури и помалку ми е топло кога спијам. И не само тоа, чувствувам неверојатна жед кога не пијам вода.
Се чини дека телото ми се прилагоди на новиот начин на живот. Имам чувство дека можеби веќе никогаш нема да бидам ист.
Ден 20: Луѓето ми велат дека изгледам посреќно
Не знам зошто. Можеби навистина сум посреќен.
Ден 25: Станувам подобра личност
И понатаму често одам во тоалет и урината секој пат ми е кристално провидна. Девојка ми забележа дека мојата кожа изгледа почисто и чувствувам дека имам повеќе енергија.
Повеќе немам проблем ниту со пиењето вода. Се навикнав на количината вода и таа сега претставува моја норма. Дури и луѓето повеќе ме почитуваат иако и понатаму го носам проклетото шише насекаде со мене. Се шегувам, не ме почитуваат.
Ден 30: Слободен и чист
Последниот ден од мојот предизвик. И понатаму постојано трчам во тоалет и константно сум жеден. Се чувствувам како мојот дедо. Но, за разлика од него, се чувствувам добро. Можеби е премногу да се пие 4 литри вода дневно, но дефинитивно забележав дека порано не сум пиел доволно вода.
Веројатно никому не би му го препорачал овој предизвик, но мислам дека е во ред да се одреди одредена количина на вода која треба да се испие во текот на денот.
М. С. | Црнобело